26.11.2020
Како да ја посетите Грција од дома?
Како да ја посетите Грција од дома?
Кајак.мк започна со кампања наречена „Патувајте од дома“. Чекајќи да се отворат границите забораваме како е да се биде турист во Европа и низ целиот свет. Нашиот тим ви организира патувања низ многу земји кои важат за #топ туристички дестинации.

Овојпат патувањата ќе бидат поразлични од досегашните и наместо да ги спакувате куферите, ние ќе се потрудиме да ги донесеме туристичките дестинации во вашиот дом. Воедно ќе ве изолираме од ширењето на Ковид-19, а ќе ви приредиме вистинско патувачко искуство.
Патувањата ги организираме во соработка со КликниЈади кои ќе се погрижат да ја достават храната која ние ќе ви ја препорачаме за едно одлично патување од дома.
Зошто баш „Кликни Јади“? Затоа што имаат секаков избор на храна, а храната е еден од главните симбили со кои се одликува една земја. Покрај тоа, доставата е бесконтактна и безбедна.
Денеска ќе патуваме во Грција. Скоро една година ја немаме посетено нашата соседна земја, па затоа добро е да се потсетиме на нејзините убавини. Но пред да започнеме со советите за како најдобро да ги запознаете со Грција, отворете www.kliknijadi.mk и погледнете ја грчката храна кои ти ви ја доставуваат до дома. Нарачки можете да направите и на: 02 3060 200

Што ви препорачуваме ние: Карпачо од октопод, Ѕаѕики, мезе од ракчиња, мезе од октопод, панирани морски плодови, лигњи на скара, грчка пилаки риба, лосос на скара, црно рижото од морски плодови и мастило од сипа како и фамозното гиро. Овие специјалитети но и многу други можете да ги погледнете во ресторанот Лангуста со еден клик ОВДЕ или пак во „Фаст уд гиро студио“ со еден клик ОВДЕ
Како може да ја запознаете уште подобро Грција?
1.ПРЕЗЕМЕТЕ ГРЧКА МУЗИКА ЗА ДОМАШНО УЖИВАЊЕ.
Додека сте во вашиот дом и ја очекувате храната, ние ви предлагаме да се запопзнаете со популарните грчки музички изведувачи. Доста од вас веќе слушнале за многу популарни зведувачи на денешницата. 
Нана Мускури е една од најпознатите грчки женски вокали во историјата. Со над 300 милиони продадени примероци на 12 различни јазици, се смета за една од најуспешните жени изведувачи на сите времиња.
Елена Папаризу меѓународно позната како Хелена Папаризу е грчко-шведска пејачка, честопати и текстописец и поранешен модел. Родена и одгледана во Шведска, таа ја започна нејзината кариера во 1999 година како члена на дуото Антика, а исто така и со тоа што работеше и како модел за Шведско-грчки бренд.
Костас Мартакис е млад изведувач кој е популарен помеѓу младата публика во Грција.
Слушнете „Zorba the Greek“- Сиртаки. Познатиот грчки танц. 
2. ГЛЕДАЈТЕ ФИЛМОВИ KОИ РАСКАЖУВААТ ГРЧКИ ПРИКАЗНИ
Кога веќе ќе пристигне вашата храна од КликниЈади, започнува патувањето. Додека ја јадете, ние ви предлагаме да погледнете некој игран филм кој раскажува интересни животни приказни. Ова се нашите предлози:
1. Zorba the Greek
2. Suntan
3. Brides
4. Iphigenia
5. Apls
3.ПОГЛЕДНЕТЕ НЕКОИ ОД НАЈДОБРИТЕ ДОКУМЕНТАРКИ:
Грција можеби најдобро би ја запознале преку документарните филмови. Наши предлози е да погледнете што е можно повеќе документарни филмови поврзани со: Грчката митологија, храна, плажи, градови и острови...
1. When Tomatoes met Wagner
2. Greek Gods
3. Zeus on the loose
4. Greek island od Syros (На Нетфликс)
5. Journey of the Greek food
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија по зајдисонце: земјата што не ја гледаме преку ден
Што се случува во Македонија кога ќе се стемни? Од ѕвезденото небо и ноќните планински патеки до селските огништа и необичните места за престој.
Како високите температури влијаат врз пчелите и опрашувањето во Македонија
Како високите температури влијаат врз пчелите, опрашувањето и природата во Македонија и зошто климатските промени се важни за пчеларството и земјоделството.
Хотел во Јапонија каде гостите не само што престојуваат, туку учат традиција стара со генерации
Хотел во Јапонија им овозможува на гостите да запознаат древна традиција, да посетат фарма и да научат како се подготвува традиционален ферментиран зеленчук.
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Дали Македонија знае да го претвори филмот во туризам?
Од „The Odyssey“ на Кристофер Нолан до Мариово и македонските филмски локации – може ли филмот да стане нов двигател на туризмот во Македонија?
Август во Македонија: Каде да патувате кога сакате лето, но не и гужва?
Откријте ги најдобрите места за патување во Македонија во август – езера, планини, села и природа за совршен летен одмор без гужва.