01.11.2021
Ранч на 1.100 метри во кој може да престојувате
Ранч на 1.100 метри во кој може да престојувате
Базата на Кајак.мк
си крцка со нови сместувања кои може да бидат дел од вашето идеално бегство во
текот на есенскиот и зимски период. Дел од вас сигурно се сеќавате на нашиот локален
херој Денис кој наместо факултет се одлучи да отвори своја фарма на планината Герман.
За оние кои покажаа интерес кон ова место и кон приказната на Денис, тимот на Кајак.мк сака да ве информира дека од денеска можете да резервирате апартман кој се наоѓа во склоп на неговиот ранч.

Она што го прави
поразлично ова сместување е фактот дека Дени нудис целосно гастрономско доживување
на регионот. Сместувањето не е само класично ноќевање, туку вклучува и
традиционален појадок, ручек и вечера.
Ранчот Станча е опколен со дабова и борова шума и се наоѓа на планината Герман во истоименото село Станча кое е на 1.100 метри надморска височина.

Ранчот има на располагање еден апартман кој има две спални соби, купатило и мала кујна со трепезарија. Објектот има двор и маса за седење. Она што најмногу привлекува внимание е понудата за престој која вклучува појадок, ручек и вечера. Храната која се служи овде е произведена во самиот ранч. Гостите кои ќе се одлучат да престојуваат овде ќе може да ги пробат традиционалните пити под вршник, како и месо под вршник.

Ова е интересна дестинација за семејства чии деца се љубители на домашни животни. Домаќините им овозможуваат на гостите да хранат кокошки, да ги хранат телињата, да хранат јариња, да ги носат козите на пасење, а во есенските периоди и да собираат желади и есенски плодови како јаболка, шипки, трнинки и ред други локални растенија.

Ова, според Денис
е одлична можност да се почуствува селскиот начин на живеење. Тој вели дека
недалеку од куќата се наоѓа река, а планината е прекрасна за прошетки. Во
околината се наоѓа манастирот Св. Илија во селото Гулинце.
Храната која гостите
ќе може да ја дегустираат вклучува: Пити под вршник, кисело млеко (Козјо, овчо или кравјо), проја, мекици, домашни
јајца, домашна зимница како ајвар, лутеница, туршија, телешка и јагнешка чорба,
а како главни јадења се служат разни вида на месо, паланечки компир и сезонски
салати. Овде е и компотот од овошје, сутлијашот и парената торта.
Доколку сте
заинтересирани за повеќе информации и резервации, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.