16.05.2021
На мојата едрилица во Струга се случиле безброј запросувања
На мојата едрилица во Струга се случиле безброј запросувања
Ако романтиката имаше име со сигурност би се викала Охридско Езеро, вели Ѓоко Гучески од Струга кој е член на едриличарскиот клуб Снегар и јахтинг клубот Сирма од Струга.
Ѓоко е жив сведок на многу љубовни романси кои се испишуваат на неговата едрилица која се користи за туристичка промоција на езерските локалитети.

За Кајак.мк тој ги раскажува неговите почетоци. Заљубен во езерската шир, со неколку ентузијасти одлучиле да одвојат приватни средства за изградба на сопствени едрилици. Во изминатите пет години, со полагање за лиценца за туристички водич, Ѓоко развил тури за претставување на убавините на Охридското езеро кои вклучуваат посета на многу културно историски споменици, нуркања, капење во езерото и романтични доживувања.

Информативните тури вклучуваат посета на повеќе локални дестинации, а авантурите најчесто започнуваат од Струга. Се посетуваа Калишта каде се наоѓаат црквите Света Богородица од 14ти век и Свети Атанасиј од 15 век.
Ѓоко вели дека покрај романтичките моменти кои ги овозможуваат крстрењата, важно е да се напомене дека на овие тури се учат многу важни информации. Секој ќе може да ја погледне иконата на Света Богородица од 18-ти век каде ликовите на Света Богородица и Исус се претставени во темна боја, а се смета дека е една од ретките икони во светот.

Од другата страна пак, за време на пловењето честопати се организираат нуркања на локалитетот Врбник, каде на само 2-3 метра длабочина може да се види и да се допре историјата стара 3500 години, вели Ѓоко.

За оние романтичарите се организираат едрења на зајдисонце. Со шампањ во рака и романтична музика во позадина патниците се пропуштаат на залезот на сонцето и раѓањето на месечината.

Ѓоко е сведок на многу запросувања за време на едрењето. Ова му е од особено задоволство поради фактот дека младите ги користат несекојдневните начини за уживање во Македонија.
Не се исклучуваат ни честите ,,тим-билдинг" крстарења кои во минатото тој ги организирал претежно со странски туристи, но денес ова е пракса и за домашните туристи.
Ѓоко додава дека од досега организираните пловидби нема забелешки, а гостите си заминуваат задоволни со позитивни импресии и намера да се вратат повторно и наредната година.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!