10.12.2022
Предлог викенд дестинација во доцната есен: Гастро искуство во Кучково
Предлог викенд дестинација во доцната есен: Гастро искуство во Кучково
Уште една гастро
дестинација ни се приклучува во светот на Кајак.мк, а таа се наоѓа во село
Кучково, Скопско.
Станува збор за етно ресторан „Златно Буре“ кое се наоѓа на 450 метри надморска височина и е иделана опција за бегство од градот.

Ресторанот е отворен 2014 со идеја да прерасне во поголем комплекс со повеќе содржини кои би овозможиле пријатен престој на гостите на ресторанот. Во 2019 отворен е базен со бунгалови и е зголемен капацитет на ресторанот за гости изминативе години. Етно село златно буре е најголемиот етно комплекс во Скопје и околината.

Доколку се одлучите да го посетите, тимот на Кајак.мк ве советува да ги вкусите следните специјалитети: Чорба златно буре (димено свинско месо, суви пиперки, компир, кромид ), Чварки со праз и сува пиперка, Златно буре филе со вргањ, Тава златно буре ( свински шол, пилешки стек, телешки мускул, печурки, тиквица, модар домат)

Објектот има капацитет
за 500 гости, што значи дека е идеален и за друштвени, колегијални или
фамилијарни прослави. Има прекрасен отворен простор со многу летниковци, зеленило,
фонтана и детско катче.
Доколку сакате да
резервирате, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК
Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026: Гастрономија и традиција
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026 носи гастрономски работилници, мастер-класови и презентации на италијанските регионални специјалитети.
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027: Нови можности за туризмот
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027 отвора можности за подобра поврзаност со европските градови и развој на туризмот во текот на целата година.
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.