08.04.2020

Водич во карантин: Ротенберг- градот кој остана во срцето на Родне Деолска!

Водич во карантин: Ротенберг- градот кој остана во срцето на Родне Деолска!

Ако некогаш патот Ве однесе кон прекрасната Баварија во делот Ансбах во близина на Нирнберг, тогаш не пропуштајте да поминете барем еден ден во градот кој е прогласен за еден од најмагичните ( градчиња како од бајките) во светот – Ротенберг, „Rotenberg ob der tauber“ вели Родне. 

Таа за Кајак.мк раскажува дека градот е специфичен по многу работи, но она што е можеби најавтентично е тоа што тоа е еден од малкуте средновековни градчиња во светот кој е зачувана баш во тој стил без никакви модерни примеси во архитектурата или модерни стилови на објектите, парковите, хотелите, рестораните, улиците и слично. Целиот град е заграден со високи ѕидини па така движејќи се по нив можете да го заобиколите буквално цел град, се разбира малку ќе се помачите во разминувањето бидејќи  просторот е тесен, а туристи има премногу и во секое време од годината.


Запрашана што е она што и остана во сеќавање?

Родне: Има прекрасни паркови, многу зелени површини, пивски градини на секое ќоше и можеби еден од најпримамливите објекти – музејот на тортурата. Ѓаволски инструменти со кои во минатото ги казнувале неверните жени, крадците и убијците. Некои посетители реагираат со ужас, а други сакаат сувенир  од влезот на музејот.



Родне: Во средниот век , кога Берлин и Минхен се населувале, Ротенберг бил втор по големина град во Германија , со неверојатни  6.000 жители. Денес, тоа е највозбудливиот средновековен град на земјата, ужива огромна популарност кај туристите , без губење на нејзиниот шарм. Има илјадници години историја спакувани меѓу калдрмата .Црква Свети Јакоб има уметничко богатство старо 500 –години . Резба на Микеланџело и библиски сцени во камен. Тоа е најголемата резба во Германија.


Годишно градот го посетуваат 2,5 милиони туристи.

Родне: Нешто плус поврзано со Ротенберг, а е светски познато . Армин Мајвес, е личност – жител на градот која предизвика големо внимание кај цела светска јавност, тема на многу психолошки истражувања поврзани со постоењето на човекојадци. Армин е човекот кој на блогот The Cannibal Café поставил реклама на која барал жртва која доброволно ќе се пријави да ја изеде. И колку и да звучи нереално, на огласот се пријавува Бернд Јунгер , инженер од Берлин кој на 9 март 2001 година дошол во домот на Армин во Ротенберг каде  бил убиен и изеден – се разбира со негова дозвола. Наредната година е уапсен откако го пријавува студент од Австрија кој случајно ги наоѓа видео снимките на неговиот телефон.


Овој случај е инспирација за песната Eat me, Drink me од Мерлин Менсон, Германскиот бенд Рамштејн за Армин ја изведе Mein Teil , Шведскиот  death metal бенд Bloodbath ја напиша песната Eaten, a многу серии и филмови се посветени на овој случај, кој откри дека во Германија има околу 800 канибали.

ПОЧИТУВАНИ
ПАТНИЦИ ЧИТАТЕЛИ НА КАЈАК, ДАЛИ МОЖЕБИ ВИЕ ПОЗНАВАТЕ ВАШ БЛИЗОК ПРИЈАТЛЕЛ ИЛИ
ПРИЈАТЕЛКА КОЈА САКА ДА ПАТУВА? АКО ОДОГОВОРОТ Е ДА, ТОГАШ ПОВРЗЕТЕ ЈА СО НАС
ЗА КРАТКО ИНТЕРВЈУ ЗА ВРЕМЕ НА КАПМАЊАТА „ПАТУВАЈ ОД ДОМА“. СИТЕ САКАМЕ ДА
СЛУШНЕМЕ ШТО ИМААТ ТИЕ ДА ИЗЈАВАТ ВО ВРСКА СО ПАТУВАЊЕТО.
Чуствувајте се слободни да ни пишете на нашата фејсбук страница во дирекна порака: Kajak.mkd На нашиот инстагранм профил: @kajak.mk или дирекно на нашата официјална e-mail адреса: [email protected]

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.