15.10.2020
Погледнете какво сместување ви нуди Нижеполе
Погледнете какво сместување ви нуди Нижеполе
Нашите дечки денеска ве шетат низ Битола и околината. Како предлог за вас имаме сместувања во Битола и Ниже Поле. Без разлика дали ќе престојувате во градот или ќе престојувате на планина, најважно од се е да го посетите Пелистер. 
За тие коишто не знаат Нижеполе е мало планинско село оддалечено 12 км. од градот Битола. Тоа се наоѓа на работ од Националниот Парк Пелистер со 186 жители.
Како еко туристички сервер ви ја препорачуваме ова дестинација поради секогаш чистиот воздух, здравата клима и богатата разновидна вегетација, посебно боровата шума и ледничките езера кои придонесуваат Пелистер да претставува туристичка воздушна бања. 
Одржувајте го и подобрете го Вашето здравје преку престој во селото Ниже Поле. На една од прошетките низ околината на селото во изобилие Ви се нуди можност да се насладувате на даровите од недопрената природа: капинки, боровинки, малинки, шумски јагоди, шипки, печурки.
Наш предлог е вилата „View“ која се наоѓа на само 9,5 км од центарот на Битола. Вилата е на 1100 метри надморска височина и нуди прекрасен поглед кој гарантира релаксација и одмор.
Пространиот двор е погоден за играње забавни игри, спорт и рекреација за сите возрасти. Терасата води кон влезот на куќата која има дневна соба, кујна, две спални соби и една бања.
Кујната е целосно опремена со прибор за подготовка на храна. ТВ, Wi-Fi, вградена и електрична скара на отворено, маса за пинг понг, импровизирана лежалка и други знаменитости се апсолутно достапни за употреба.
Контакт за резервација на: 076 552 997
БАРАТЕ СМЕСТУВАЊЕ ВО БИТОЛА? Луксузни апартмани „Саат Кула“ во Битола
|
Коментари
-
Vesna Stankovikj
09.05.2022 11:58
Za 27 Maj do30 Maj.Za 4 ligje
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
