15.08.2020

Фламинга долетаа на викенд во Преспанско Езеро

Фламинга долетаа на викенд во Преспанско Езеро

Викендов пет розови фламинга се во посета на Преспанското Езеро. Птиците беа забележани во Езерани каде нискиот водостој им овозможува соодветни услови за одмор за време на миграцијата, соопштија од Македонското еколошко друштво.

Фото: МЕД, Фламинга во Преспа

Оттаму појаснуваат дека фламингата не гнездат во Македонија, но досега се забележуваат повеќе пати на прелет. Прв податок за нивно присуство кај нас е од деведесеттите години, повторно во Езерани. Овој пат беше забележена една возрасна единка и 4 млади. Бидејќи птиците гнездат во Грција, Албанија и Црна Гора, биолозите не можат да заклучат каде ќе се упатат по престојот во Преспа.

„Добрата состојба на влажните живеалишта како и широките појаси на трска овозможува птиците да не бидат вознемирувани и безбедно да одмораат и да се хранат. Затоа секогаш е возбудливо да се истражува Езерани за време на миграција“ – изјави Данка Узунова, орнитолог од Македонско еколошко друштво.

Покрај розовите фламинга беа забележани јата на бојници, долгоног пескар и сабјарки. Ниту еден вид од овие птици не гнезди кај нас, сите се тука поради миграцијата која се случува со полна пареа.


Дали можеби сакате да отпатувате на море без PCR тест? Ние имаме понуди од 139 евра! Тргнување секоја недела со 5 ноќевања и превоз!

Инфо на: 076 791 157 или со еден клик ОВДЕ



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.