17.05.2020
Ќе се делат ваучери од по 6.000 денари за домашен туризам
Ќе се делат ваучери од по 6.000 денари за домашен туризам
Платежни картички за купување на домашни производи од 9.000 денари, ваучери за одмор од 6.000 денари, картички и ваучери за млади, викенд без ДДВ за сите граѓани, пишува Телма.
Техничкиот премиер Спасовски го презентираше третиот сет мерки кои го подготви владата за да им помогне на граѓаните и на компаниите погодени од корона кризата. Ќе се поделат околу 100.000 платежни картички со 9.000 денари за купување на домашни производи. А ќе ги добијат невработените со месечни приходи до 15.000 денари, како и граѓаните корисници на гарантирана минимална помош. Ќе може да се користат 30 денови, а за оваа мерка ќе се потрошат 16 милиони евра.
Исто околу 100.000 граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам од 6.000 денари и домашна платежна картичка од 3.000 денари. Граѓаните ќе може да се одморат и да летуваат и да летуваат дома, а со тоа ќе го зајакнеме и домашниот туризам.Со оваа мерка се опфатенби сите вработени граѓани кои што примаат нето плата помала од 15.000 денари и немаат други приходи во 2018 година според УЈП- рече Спасовски.
Извор: telma.com.mk
Foto cover: www.worldnomads.com
Може да ве интересира:
Грција отвори повеќе од 500 плажи
Нови правила за летање поставени од авиокомпаниите
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.