11.11.2020
Како шумата и еко храната го намалуваат стресот?
Како шумата и еко храната го намалуваат стресот?
Ноември е месец кога на нашиот организам му е потреба голема количина на витамини, пред се поради падот на температурите, тмурното сонце и лошото расположение кое го предизвикува пандемијата која се уште и пркоси на човечката реалност.
За оние кои постојано
ги читат нашите совети
за како да го лимитираат стресот во овој период од
годината, сигурно забележуваат дека
Кајак.мк постојано се држи на патувањата и здравата храна. Во моментот за жал,
светските патувања ни се ограничени, границите затворени, па затоа се
задржуваме на патувањата во нашата земја. 
Пред извесен период ве запознавме со приказната на „Мелем од вкусови“ кои произведуваат специјалитети од здрави еколошки плодови, кои плодови претежно растат на македонска почва. Нашиот интерес да ги запознаеме овие жени кои вложуваат во здравата исхрана беше голем, а сега ни драго ни е што можеме да ви зборуваме за нив и нивните здрави производи.
Пред да појдете на еднодневен пикник на дел од локациите кои секојдневно ги трубиме, размислете што би понеле за јадење?
Важноста на здравата храна која ќе ја конзумирате „горе“ е исто толку важна како и физичката активност. Доста здрави ланч пакети може да се најдат во „Мелем од вкусови“, а како наш совет за овој месец неизбежни би биле семките од тиква и јаткастите плодови, како и свежата тиква полна со витамин Ц.
Доста добра комбинација со планина е сендвичот со урда и семки од тиква, како и бомбиците со ореви. 
За здрав и активен викенд, тие приготвуваат здрави сет бомбици во чиј состав има оревот кој има голема количина на антиоксиданси. Повеќе информации за нарачка на овие бомбици можете да добиете на: 075 285 226
За ноември кој е особено важен месец за подигање на свеста
на машкото здравје, овде е и салатата Фантазија која тие ја приготвуваат. Како и за бомбиците, така и салатата
можете да ја нарачате на: 075
285 226
Салатата содржи органска тиква, свеж плод кој се соодвестува со месецот ноември. Тиквата е еден од најпознатите извори на бета-каротин, моќен антиоксидант кој го дава портокаловото овошје и зеленчук со своите живописни бои. Во ова храна присутни се цинкот и аргининот.
Цинкот е многу важен минерал, кој што учествува во многу процеси во организмот. Како и другите минерали, така и цинкот треба да се консумира редовно преку исхраната или како додаток. Тоа му помага на организмот да функционира правилно и лесно да се бори против болести.
Кога сме пак кај кратки дестинации кои вреди да ги посетите, за оние коишто живеат во Скопје, наша совет дестинација за едноневна активност ви ја препорачуваме Спировата Колиба.
Фото кавер: Darko Sahpazov Drone Travelogues
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.