02.03.2022

Јасмина е жената која одгледува овци и ги руши стеротипите во Македонија

Јасмина е жената која одгледува овци и ги руши стеротипите во Македонија

Тимот на Кајак.мк го посвети месец февруари на жени- хероини чии приказни се од огромно значење за развој на туризмот во Македонија. Денеска за жал се соочуваме со доста негативни информации од домашната и светска јавност, но нашиот тим верува во луѓето кои со себе го носат човештвото. Таквите луѓе нам ни помагаат во градењето на една подобра заедница и нè убедуваат дека со правењето на мали добри нешта, ќе направиме едно подобро утре.


Со приказните продолжуваме и во месец март. Од тие причини денеска ви ја споделуваме приказната на нашата нова локална хероина, Јасмина Котевска. Жената која гледа позитивно на работите и која е голем борец што сака да ги оствари своите соништа.


Јасмина Котевска по професија е магистер по историја на уметност. Денеска се заминава со одгледување овци. Живее во демирхисарското село Суводол, кој е одалечено 2 километри од централното градско подрачје на Демир Хисар.


За оние кои не слушнале за селото, Суводол се наоѓа на надморска висина од 700 метри, опшиено од сите страни со планински венци и изобилува со најголем број сончеви денови во годината.

Јасмина раскажува дека огледувањето овци во нејзиното семејство е децениска пракса. Семејството и потекнува и живее во рурална средина, па самото поднебје на некој начин налага човекот да се занимава со земјоделство и сточарство, со цел да обезбеди средства за опстанок.


Иако пораснав на фарма каде имав прилика да се дружам со различни видови на животни, не помислував дека фармерството ќе постане дел од моето секојдневие, а воедно и моја втора професија“, вели Јасмина.

Со одгледување на овци активно се занимава веќе 8 години и признава дека работата со нив ѝ го променила животот. Сега има многу поразлични погледи кон постоењето, има поголема емпатија и љубов кон сите живи битија со кои ја делиме планетата земја.


На прашањето дали се пронашла во работата, Јасмина вели дека по природа е хиперактивен човек и слободно може да каже дека одледувањето овци кое во принцип е динамична работа, која бара посветеност, издрливост, но и одговорност и помага во регулирањето на нејзината благосостојба како човек. Искрено, кога човек има работа нема време да се посветува на болестите и баналните проблеми кои вродуваат со понатамошни психосоматски состојби, додава таа.


За неа дружбата со животните е еден вид на терапија и од срце им препорачува на сите да посветат повеќе време на дружбата со некое животинче или пак своето слободно време да го поминат во природа. Нејзиниот поглед од домот е кон планинските масиви и искрено не чуствува потреба да помине долго време во природа, бидејќи како што вели таа ја живее природата и е составен дел од неа.


Во моментот фармата брои 90-тина овци. Заедно со нејзините родители се насочени кон продажба на јагниња, а во помали количини произведуваат и традиционално овчо сирење, кое во зависност од периодот кога е изработено се карактеризира со посебен вкус и текстура.


По завршувањето на високото образование, како млад човек кој не успеал да пронајде соодветно работно место Јасмина одлучила да се фокусира на две работи. Едната е работа на фарма, а втората професија која е поттикната од љубовта е уметноста. Во 2018 година заедно со група пријатели го формираат Центарот за креативни индустрии-НЕБО од Суводол со кој досега имаат реализирано голем број на проекти од областа на културата и уметноста, а воедно во 2019 година ја добиваат наградата од Советот на Европа за еден од десетте најдобри приказни проекти за европското културно наследство.


Јасмина вели дека Македонија е земја во која сè уште преовладуваат табу теми поврзани со професијата, сè уште преовладува мислењето за помалку вредни професиии, а кога би го земале сточарството би увиделе дека  сè уште е професија која е потценета, додека пак во развиените земји сточарството и земјоделството се вреднувани. Но, од друга страна пак, драго ѝ е што е дел од приказната која полека ги пробива стеротипите.


За себе вели дека е жена-визионерка. Размислува за развој на туризмот во регионот, а со тоа би сакала нејзиното секојдневие да го претвори во една туристичка понуда, каде посетителите би имале прилика да се запознаат со животните на фарма. Во зависност од желбата на посетителите тие би можеле да искусат неколку часовно пасење на овци на околните падини или пак да поминат време на фармата хранејќи ги младите јагнина. Исто така како понуда ги додава и дегустација на домашно сирење и дегустација на природно јагнешко месо доколку постои интерес од посетителите. Покрај фармата, посетителите ќе имаат прилика да уживаат во уметноста, со што за нив ќе биде поставена и ликовна изложба на дела од колекцијата на Центарот за креативни индустрии-НЕБО.


Јасмина размислува исто како тимот на Кајак. Интересните приказни од нејзиното секодјевние со животните, се приказни кои му даваат душа на туризмот, а кои треба да бидат слушнати.


За крај на разговорот, Јасмина вели дека во животот плановите не се одвиваат онака како што ние посакуваме, односно тие се случуваат независно од нашата волја и секако не се спакувани онака како што ние сме посакувале. Но, животот тече и во тоа течение согледуваме дека тоа што некогаш сме го посакале, во моментот го живееме, односно посакуваното се случило, само не на начинот на кој ние сме сметале дека треба да се случи.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Викенд идеја: Ротинско Езеро и Нижеполе – совршен спој на мир, планина и природа близу Битола

Откријте ја викенд дестинацијата Ротинско Езеро и Нижеполе кај Битола – комбинација од езерска тишина, планински пејзажи и локална гастрономија. Идеја за кратко бегство во природа.

Нова дрвена куќичка во Суви Лаки со приватно џакузи идеално за викенд уживање!

Сместена на 1000 метри надморска височина, опкружена со борова шума, чист планински воздух и целосен мир, оваа куќичка е создадена за сите оние кои сакаат да избегаат од градската бучава и да се поврзат со природата.

Неделно откритие од Македонија: Скриени приказни што вреди да се споделат

Откријте ја „АЛ-БИ“ библиотеката во Бабино, Демир Хисар — уникатен културен центар и приватна иницијатива посветена на зачувување и достапност на книжевното наследство во Македонија.

Осоговските планини стануваат новиот центар за авантуристички туризам во Македонија

Откриј ги Осоговските планини со Kajak.mk – АТВ тури, кампување под ѕвезди, пикник во природа, коњички тури и уникатни авантури во Македонија.

Дали знаете дека во Македонија има дрвени куќички со панорамски поглед на Охридско Езеро?

Денеска ве водиме во Горна Белица, планинско село сместено на 1440 метри надморска височина, каде природата, тишината и погледот кон Охридското Езеро создаваат доживување кое тешко се заборава.

НОВО: Набљудување на ѕвезди со телескоп во Македонија | Kajak.mk

Доживејте набљудување на ѕвезди со професионален телескоп на локација по ваш избор во Македонија. Идеално за групи, тим билдинг и приватни настани под отворено небо.