03.03.2021
Животот ме научи да се пронајдам како туристички водич во Охрид
Животот ме научи да се пронајдам како туристички водич во Охрид
Пролета не е пролет ако не го посетите Охрид. Март е месецот кога се најавува новата сезона и кога сонцето се повеќе привлекува туристи во градот. Ние денеска разговаравме со Ива Николоска која работи во Општина Охрид во делот за поддршка на градоначалникот, а која е лиценциран туристички водич за Охрид и регионот.

Ива живее и создава во Охрид. Таа е страсен љубител на нејзиниот роден крај кој секојдневно го козумира како добро „Мешеишко вино“ (вино од регионот). Она што ја натерало да стане водич е потребата да ги пренесува нејзините доживувања на гостите кои доаѓаат овде.

Вели дека кога се работи со љубов и посветеност кон работата резултатите се повеќе од очигледни. Николоска ни ја споделува првата тура која ја реализирала само неколку дена по добивањето на лиценцата за водич, а групата и била брачен пар од Италија. На она што таа ќе се сеќава се воодушевувањата што ги имале италијанците кон ренесансното сликарство на Михаил и Евтихиј Астрспа од раскошната Св. Богородица.

Ја запрашавме како се одвивале останатите групи. Добивме одговор дека најголем предизвик и била мешаната тура од теолози од Англија, Полска, Бугарија, Турција и Чешка кои тури имале акцент на шаренилото на религиозните објекти и високото ниво на духовна енергија која луѓето отворено и ја признавале дека ја чувствуваат.
Македонија ја доживуваат како ковчег со златен накит најден на дното од некое море, вели Ива. Скриена убавина е таа пради која повеќе доаѓаат, а тоа ги примамува да се вратат и по втор пат.

За Николоска најважно до се е туристите во Охрид да добиваат комплетно сетило за градот и вистинско гастрономско доживување. Разликата на турите со туристички водич е огромна, тоа дава сосема нова димензија. Сликовито прикажување на историските факти, љубовни трагедии, среќни завршетоци и сето тоа надополнето со многу храна. За неа многу важно е да се акцентираат и изработката на филигранскиот накит, охридскиот бисер, производството на хартија и печатењето со Гутенберговата преса на стари црковни ракописи и икони, изработка на накит со македонски рубин и така натаму.

Таа е среќна што се пронашла во ова професија и најсреќна е после секоја успешно завршена тура. Таа ги охрабрува домашните туристи да ги ангажираат туристичките водичи бидејќи ќе бидат пријатно изненадени и многу побогати.
За крај на разговорот Ива ни го поставува прашањето: Дали сте слушнале за Момата во близина на Прилеп?
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.