19.08.2023
Предлог викенд дестинација: Село Зрновци и ресторан Аминта
Предлог викенд дестинација: Село Зрновци и ресторан Аминта
Ако некој некогаш ве праша како изгледат боите на Македонија изразени преку храната, ваше е да им ги покажете овие фотографии кои ви ги споделуваме во контекст на ресторанот Аминта.
За оние кои досега немаат слушнато за село Зрновци, тимот на Кајак.мк ги советува да го додадат ова прекрасно мало селце на листата на задолжителни гастро дестинации. Особено за вистинските гурмани, кои ресторанот Аминта ќе го почувствуваат како свој гастрономски рај.

Селото Зрновци се наоѓа во подножјето на планината
Плачковца која му овозможува чиста вода и реки во текот на цела година.
Оддалечено е 8 километри од Кочани или 104 километри од Скопје.
Самиот регион е идеален за активен туризам бидејќи имате доста
знаменитости кои може да ги посетите пред да појдете во самиот ресторан.
Кајак.мк предлага да ја реализирате следната индивидуална
програма, како би уживале во чистиот воздух и ќе ги наполните батериите за работната
недела:
Започнете го денот со посета на селото Мородвис кое селце се
наоѓа во подножјете на планината Плачковца на 2 километри од Зрновци каде што
се наоѓа Црквиште- Моробиздон, кој е комплекс од доцноантички и средновековни
локалитети. Селото има околу 300 жители, што значи дека ќе можете да запознаете
некој локален мештанин кој ќе ви ја раскаже историјата за самото село.
Фотографијата која ја гледате е фотографија направена во селото Мородвис:

Фото: https://upload.wikimedia.org
Потоа како следна попатна станица ви ја препорачуваме
црквата Св. Димитрија која се наоѓа во самото село, на горниот стар дел од Зрновци
и која е изградена во 18-ти век, а била неколку пати обновувана.
За оние кои сакаат повеќе истражувања, овде е и Виничкото Кале на 8 километри од Зрновци, а до каде имате асфалтиран локален пат, а денот нека ви се комплетира во ресторанот Аминта во Зрновци.

Сместен покрај самата река Зрновска, овој ресторан нуди одлични
специјалитети приготвени на стара на жар и фурна на дрва.
За оние кои ќе се одлучат да го посетат ресторанот, наш совет
е да им јавите на самите домаќини за претходна резервација. Повеќе фотографии,
како и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Кајак.мк ве води во село Слепче
Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.
Кајак.мк ве води во село Пклиште
Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.
Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје
Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.
Галичката свадба повторно го оживеа Галичник
Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.
Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците
Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.