27.05.2023

Тим билдинг во мај кој му пркоси на дождот и студеното време

Тим билдинг во мај кој му пркоси на дождот и студеното време

Пред самиот крај на месец мај, тимот на Кајак.мк чувствува должност да ги сподели сите тим-билдинг патувања на кои беше организатор и преку кои заедно со компаниите даде дирекна поддршка на локалната економија во Македонија.

Пред сѐ, треба да потенцираме дека ваков дождлив и студен Мај досега не сме виделе, па оттука сите наши четива кои ќе ги споделиме во наредниот период ќе започнуваат со: Тим билдинг патувањата кои му пркосат на студениот дождлив месец Мај.


Компанија со која имавме можност да се дружиме на почетокот на месец Мај е Accent (www.accent.mk). На Accent сакаме да и се заблагодариме на довербата која ни ја даде и ни се препушти во наши раце да организираме едно поразлично тим билдинг патување. Дестинација која ја одбравме на патувањето беше Пониква. За нас Пониква е туристичка дестинација која допрва ќе се развива, а каде групите може да уживаат во слободата која ја нуди планината и чистиот планински воздух.


Одбирајќи да се реализира тим-билдингот во Македонија, компанијата Accent даде дирекна поддршка на неколку локални чинители во овој регион.


Програмата ни започна со посета на семејството Алексови кои се наши пријатели и соработници, а кои го промовираат регионот преку домашната локална храна која се подготвува од свежи состојки од локални градини и фарми. Овде имавме можност да дегустираме млеко од магарица, да слушнеме многу корисни информации и секако да уживаме во руралниот спокој на село Тркање.


По село Тркање, нашата агенда не одведе во Ресорт Магнолија, кој има на располагање затворен базен и спа центар, достапен за сите гости. Пространоста на Ресорт Магнолија ни овоможува да организираме тим-билдинг забавни игри, а околината ни овозможи да го искористиме слободното време за прошетки. За деталите нема многу да откриваме.


Последниот ден програмата ја комплетиравме во прекрасниот ресторан „Осоговска Куќа“ која е позната гастро дестинација. Компанијата реализираше активно пешачење во должина од 7 километри. Им благодариме на Accent што ни ја дадоа поддршката и со самата реализација на овој тим-билдинг донираа 200 дрвца за пошумување, кои ќе бидат засадени за време на есенската сеидба.

Повеќе фотографии од патувањето можете да погледнете со еден клик ОВДЕ

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Кајак.мк ве води во село Пклиште

Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.

Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје

Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.

Галичката свадба повторно го оживеа Галичник

Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.

Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците

Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.

10 најубави панорамски патишта во Македонија што секој турист треба да ги доживее

Откријте ги најубавите панорамски патишта во Македонија. Од Галичица и Маврово до Мариово и Беласица, ова се 10 road trip рути што нудат незаборавни пејзажи и автентични доживувања.