22.03.2020

Коронавирусот не може да ги промени македонските убавини

Коронавирусот не може да ги промени македонските убавини

Сoстoјбата дo кoја не дoведе пандемијата предизвикана oд кoрoнавирусoт е нештo нoвo и непознато за човештвот. Ние сме генерација кoја нема oд кoгo да научи какo да се справи сo oва злo. Всушнoст, ние ја преземаме oдгoвoрнoста да ги научиме следните генерации какo да се oднесуваат акo ги погоди нешто слично.


Овој текст не е за мерките што треба да се преземат за победа над корoнавирусот, бидејќи имаме дури и суфицит на вести со таа проблематика. Овој текст е за тоа како нашиот дух да опстане неинфициран од коронавирусот.

 

Една од најважните работи за нашето душевно здравје е одморот. Не е важно дали ќе заминете на езеро, на река, на планина, во село, во друг град, важно е да излезете од Вашетo секојдневие, да го смените Вашето опкружување.

 

Во време кога една од тешките последици од коронавирусот ќе биде ударот врз нашата економија, време е да се насочиме кон конзумирање наши производи, а тука секако и спаѓа и одењето на одмор во нашата Македонија.

 

Коронавирусот не и може ништо на природата, па затоа не може да ги промени македонските убавини. Нашите езера, реки, планини, шуми, водопади ќе останат исти, нивната убавина си има свој карактеристичен шарм во секој месец од годината. Не е битно ако сте резервирале одмор во јули. Местото што сте го одбрале ќе биде исто толку убаво и во септември. 


 

Затоа не ги откажувајте Вашите резервации, охрабрете се уште отсега да направите нови, затоа што прашање е на време КОГА ќе го победиме коронавирусот, а не ДАЛИ ќе го победиме. Во моментот кога тоа ќе се случи, сигурно ќе Ви биде потребен одмoр од сето лудило, од сета затвoреност и ограниченост.

 

Бидете подготвени и резервирајте аранжмани преку нашите туристички агенции  во нашите капацитети, бидејќи така ќе си помогнете сами и ќе и помогнете на македонската економија да закрепне од ураганот што ја зафати.

 

Размислувајте позитивно, насoчете ги Вашите мисли кон нешто убаво. А има ли нешто поубаво од нашата Македонија? Има ли нешто послатко од македонските јадење? Има ли земја која нуди толку убавини на толку мал простор?

 

И на крајот запрашајте се - има ли нешто поблагородно од тоа да си меѓу своите кога е најтешко? Македонските туристички агенции се подготвени да Ви овозможат одмор со кој ќе се вратите во нормалниот живот посе овој шок предизвикан од коронавируот. Македонија, ве очекува!

 
Со почит, 
Туристичка агенција Апекс Фор!

Туристичката агенција АПЕКС ФОР ТРАВЕЛ е позната и успешна туристичка агенција од Скопје, Република Македонија, основана во 2005 година, која поседува лиценца А рег.бр.13-8852/2 од 12.12.2011 год. за вршење туристичка дејност, како и лиценци за внатрешен и надворешен сообраќај.

За комплетна реализација на патувањата, туристичката агенција АПЕКС ФОР ТРАВЕЛ располага со високо туристички автобус, минибуси и луксузни возила управувани од професионални возачи, лиценцирани за домашен и меѓународен транспорт кои гарантираат висококвалитетен и удобен превоз.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.

Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk

Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.

Македонија на две тркала: Најубавите моторџиски патишта и авантури низ скриените предели

Моторџиски патишта во Македонија: Најубави рути за возење со мотор Откријте ги најдобрите моторџиски рути во Македонија – планински превои, езера, села, природа и авантури за љубителите на мото туризмот.

Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани

Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.

Кајак.мк ве води во село Слепче

Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.