SAHARA BEACH
Хотелот е отворен во 1975 година, а последен пат е реновиран во 2018/2019 година. Се состои од три згради со по 7 ката и 1005 соби. Покрај главниот ресторан, на гостите на располагање им се и неколку барови и a la carte ресторан, кои можат да се користат со доплата и претходна резервација.Во однос на капацитетите за деца, хотелот до детскиот базен има Mini club (4-7 години), Maxi Club (8-12 години) и Teenie Club (13-17 години).
Пребарај цени
Сместување
Хотелот располага со 1.042 соби распоредени во три седумкатни згради, сите со широк поглед на морето, градините или базените.
Бањите се опремени со када, туш и тоалет.
Собаите имаат клима уред, телефон, балкон, Wi-Fi (бесплатно).
Дополнителни информации
Во склоп на хотелот има менувачница, rent a car, изнајмување велосипеди, златара, минимаркет, фотограф, продавница за сувенири, сеф, перална, фризер, доктор на барање.Плажа
Хотелот има сопствена пространа песочна плажа. Чадори, лежалки и душеци се бесплатни.Услови за деца
За деца, Sahara Beach нуди игри на отворено, многу друштвени игри, мини клуб, детски базени, игралишта, лулашки, разновидна програма за анимација, мини диско навечер.Концепт за исхрана
Во однос на храната, хотелот Sahara Beach нуди различни опции и богат избор на национална и интернационална кујна.
Главниот ресторан има шведска маса и тематски вечери.
Во текот на денот, гостите на располагање имаат snack барови покрај базените, покрај море, како и бар за палачинки.
Неколку барови нудат локални и увезени пијалоци во фоајето, на плажа и покрај базените.
All inclusive системот во хотелот е појадок, ручек и вечера во главниот ресторан, како и тематски вечери.
По ручекот, баровите нудат салати, сендвичи, пици, хамбургери, палачинки, овошје и избор на сладолед.
Освежителни безалкохолни и алкохолни пијалоци од локално и увозно производство, широк асортиман на топли пијалоци и коктели.
Важни информации
Хотелите имаат право да менуваат поединечни услуги, начините на плаќање, како и периодот на користење на содржините, да го променат концептот на all inclusive и слично, во согласност со нивната деловна политика, временските услови и други релевантни фактори, така што организаторот на патувањето не може да сноси одговорност за тие промени.Локација
Хотелот се наоѓа на околу 8 km од Монастир, 12 km од Сус и 4 km од аеродромот во Монастир.
До хотелот има постојка за електричен воз, автобус и такси.
Спорт и рекреација
Хотелот располага со надворешен, внатрешен и детски базен, како и аквапарк со 12 тобогани. На гостите им се достапни бројни спортски активности, како што се аеробик, стрелаштво, кошарка, одбојка на плажа, гимнастика, пикадо, фудбал, како и дневни и вечерни анимации.
Со доплата: спортови на вода, билјард, амам, масажа, Спа.
ЛОКАЦИЈА
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.