MOVENPICK RESORT & MARINE SPA SOUSSE
Семеен хотел, сместен веднаш на брегот на морето, нуди бројни активности, како за возрасните, така и за своите најмлади гости. Отворен е во 2010 година и има 618 соби и апартмани. Гостите на располагање имаат 5 ресторани, 6 барови, спа и фитнес центар. За деца до 12 години обезбедена е анимација во детската куќа „Vik“, а има и игралиште.Со доплата: чување на деца.
Пребарај цени
Програма
За хотелот:
Сместување
Хотелот располага со вкупно 618 сместувачки единици, сите имаат сопствена бања, LCD телевизор, интернет, телефон, мини бар, сеф, клима и бокал за вода. Две соби се наменети за лица со посебни потреби.
Стандардни соби има вкупно 239, имаат еден брачен или два единечни кревети и површина од 30-34м².
Стандардни соби со делумен поглед на море, исто така имаат еден брачен или два единечни кревети и површина од 30-34м². Во хотелот има 100 такви соби.
Стандардни соби со поглед на базен има 94.
Стандардни соби со поглед на море,имаат површина од 34м² и ги има 136.
Дополнителни информации
Хотелот располага со продавници, менувачница, банкомат, rent-a-car, конференциски сали.
Плажа
Хотелот Movenpick Resort & Marine Spa Sousse има своја песочна плажа. На гостите им се достапни чадори, лежалки и крпи без доплата.Концепт за исхрана
Услугата во хотелот е полупансион - појадок и вечера или All Inclusive - самопослужување (избор на повеќе јадења по хотелски правила). Покрај главниот ресторан, гостите можат да уживаат и во Tapeo (шпанска кујна), Sendai (јапонски специјалитети), Wave (Snack Bar), Breeze (Lobby Bar), Fresh (Pool Bar), Cafe Aga и многу други.
Со доплата: увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Важни информации
Хотелите имаат право да менуваат поединечни услуги, начините на плаќање, како и периодот на користење на содржините, да го променат концептот на all inclusive и слично, во согласност со нивната деловна политика, временските услови и други релевантни фактори, така што организаторот на патувањето не може да сноси одговорност за тие промени.Локација
Хотелот Movenpick Resort & Marine Spa Sousse е оддалечен околу 2km од центарот на градот Сус, околу 20km од аеродромот во Monastir, околу 140km од аеродромот во Тунис.Карактеристики за соба
Сите соби се удобни и пријатни, опремени со модерен и удобен мебел. Собите имаат:
- ТВ со кабловски канали;
- интернет;
- мини-бар со фрижидер;
- клима уред;
- сеф;
- телефон;
- кафемат и чајник;
- бања со када или туш кабина, фен и тоалет.
Спорт и рекреација
Три отворени базени (голем базен во облик на лагуна, базен со морска вода и еден за деца), затворен базен со морска вода, фитнес центар, интернет, одбојка на плажа, пинг-понг, сауна, турска бања (амам).Со доплата: масажи.
ЛОКАЦИЈА
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.