LTI MAHDIA BEACH & AQUA PARK
Хотелот LTI Mahdia Beach е изграден во 1997 година и последен пат е реновиран во 2020 година. Има 420 соби распоредени во три четирикатни згради, од кои 2 имаат лифт. На гостите им е на располагање главниот ресторан „Sofra“, два à la carte ресторани: La Tienda (меѓународна кујна) и La Cascatta (италијанска кујна), неколку барови (Lobby, Pool i Snack bar), Спа центар и дискотека.Детските содржини вклучуваат детски клуб (4-12 години), детски базен и бебешко катче во главниот ресторан.Со доплата: чување деца.
Пребарај цени
Програма
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ХОТЕЛОТ
Сместување
233 стандардни соби, 5 апартмани
5 соби за инвалиди.
22 семејни соби: спална и дневна, едно купатило, можност за сместување до 5 лица.
Стандардните соби се 30m² и имаат поглед на море, базен, копно или градина.
Семејните соби се 42m² и имаат поглед на градина и копно. Капацитет максимум 2+2
Со доплата: сеф.
Дополнителни информации
Менувачница, rent-a-car, лекар на повик, сервис за перење и пеглање, маркет, продавница за сувенири, конференциска сала, фризер.Плажа
Хотелот има своја песочна плажа со ситен бел песок, долга 340m. Лежалки, чадори и крпи се достапни за гостите без доплата. Центар за нуркање.Концепт за исхрана
Услугата во хотелот е Ultra All Inclusive - појадок, доцен појадок, ручек, вечера, доцна лесна вечера (самопослужување - избор на повеќе јадења по хотелски правила). Концептот вклучува локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, кафе и колачи во одредени периоди од денот, како и à la carte рестораните La Tienda (меѓународна кујна) и La Cascatta (италијанска кујна) еднаш за време на престојот со претходна резервација.
Со доплата: свежо цедени сокови, пенливи вина, à la carte ресторани, увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци, диско бар и друго вон концептот.
Важни информации
Хотелите имаат право да менуваат одредени услуги, начини на плаќање, како и период на користење на содржината, промени на концептот all inclusive и слично, во согласност со нивната деловна политика, временските услови и други релевантни фактори, па тур-операторот не може да биде одговорен за истите промени.Локација
Хотелот се наоѓа на околу 4km од центарот на Махдија, на околу 45km од аеродромот Монастир и на околу 110km од аеродромот во Тунис. Хотелот е на плажа во туристичката област Махдија. Се состои од трикатна главна зграда и голема површина со палмина шума.Карактеристики за соба
Сите соби имаат централна клима, бања со туш кабина или када, балкон или тераса (повеќето со поглед на море), фен, телефон, сателитска ТВ, фрижидер, Wi-Fi интернет. Има соби прилагодени за лица со посебни потреби.Спорт и рекреација
Надворешен базен за возрасни, базен за деца, внатрешен базен, аква парк со 10 тобогани, одбојка, одбојка на плажа, фудбал, степ аеробик, аква аеробик, мини голф, пинг-понг, ватерполо, пикадо, бочање, билијард, Wi-Fi интернет (со ограничена брзина и број на корисници), дневна и вечерна анимација.
Се плаќа: изнајмување спортска опрема, спортови на вода, дискотека и друго вон концептот.
Spa & wellness
Соба за релаксација, надворешен базен во склоп на Спа центарот и внатрешен базен со топла вода.
Се плаќа: сауна, турска бања (хамам), масажи, третмани за нега на лице и тело и друго вон концептот.
ЛОКАЦИЈА
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.