IBEROSTAR KURIAT PALACE

Хотелот е отворен во 2019 година, уреден е со прекрасна градина, која зафаќа површина од 13.000 m². Покрај главниот ресторан, има и 2 à la carte ресторани и неколку барови (лоби бар, Снек бар на плажа, бар покрај базен и Star Prestige бар). Гостите можат да уживаат во пријатни соби и комплетно опремени апартмани, како и спа третмани (џакузи, турска бања), гастрономија (шведска маса и туниски ресторан) и забава (Star Camp, 2 надворешни базени, фитнес сала...).За деца има мини клуб (4-8 години), макси клуб (8-12 години), тин клуб (12-16 години) и игралиште.


Пребарај цени

Програма


Сместување

Standard garden view собите имаат површина од 36 m².

Superior sea view собите имаат површина од 42м².

Плажа

Хотелот располага со песочна плажа, гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори. Крпите за плажа се доплаќаат.

Facilities

SPA & WELLNESS: Се плаќа: сауна, турска бања, соба за релаксација, џакузи, масажи, третмани за лице и тело, фризер.

Концепт за исхрана

Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, ручек, ужина, вечера (самопослужување - избор од неколку јадења според правилата на хотелот) како и локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Се плаќа: увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци, снек бар на плажа и други работи надвор од концептот.

Хотелот има право да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (времето, содржината...).

Важни информации

Хотелите имаат право да менуваат одредени услуги, начини на плаќање, како и периодот на користење на содржината, промени на концептот all inclusive и слично, во согласност со нивната деловна политика, временските услови и други релевантни фактори, и тур-операторот не може да биде одговорен за истите промени.

Локација

Се наоѓа на околу 7 км од градот Монастир и 15 км од градот Сус. Од аеродромот Монастир е оддалечен околу 500м,а околу 130 км од аеродромот во Тунис. 
Iberostar Kuriat Palace се наоѓа на морскиот брег и е идеален за мирен одмор во текот на целата година.
Овој дизајнерски 5-ѕвезден хотел се наоѓа на 6 км од тематскиот парк Spring Land и 7 км од тврдината Рибат во Монастир. 

Во цената не е вклучено:

мини бар и друго надвор од концептот; чување на деца

Карактеристики за соба

Сите соби имаат Wi-Fi, балкон, клима, ТВ, фен, сеф, туш кабина, сет за чај и кафе, мини бар.

Спорт и рекреација

Детски базен со лизгалки, базен за возрасни со лизгалки, внатрешен базен, базен за релаксација, тенис, фитнес, одбојка, мини голф, пикадо, пинг-понг, дневна и вечерна забава, музика во живо во одредени денови.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар