IBEROSTAR DIAR EL ANDALOUS

Во градот Сус, во туристичката област Порт Ел Кантауи, сместен меѓу градините, Iberostar Diar El Andalous е шармантен хотел со прекрасна плажа. ... Овој извонреден хотел во Тунис, кој се наоѓа на брегот на Средоземното Море, повторно ги отвора вратите по големото реновирање на хотелските капацитети, чија цел беше да се надгради хотелот на 5 ѕвезди. Покрај новата VIP област Star Prestige со ексклузивни удобности и персонализирани услуги, хотелот нуди нов спа центар со климатизиран базен, теретана и три тематски ресторани.Хотелот е отворен во 1981 година. Има вкупно 379 сместувачки единици. На гостите им се достапни неколку ресторани (главниот ресторан Алхамбра и два тематски ресторани - италијански и тунижански, Snack Bar Rimel) и барови (Lobby bar, Maurish Cafe, bar Rimel, Arab bar, Pool bar, Piano bar).Хотелот е прилагоден за лица со намалена подвижност.


Пребарај цени

Програма


Сместување

Стандардните соби се со површина од околу 27m2.

Семејните соби се со површина од околу 47m2.

Junior suite се со површина од околу 40m2.

Дополнителни информации

Трговски центар, сервис за перење и пеглање, менувачница, rent-a-car, bike rental.

Плажа

Сопствена песочна плажа на 100м од хотелот.

Услови за деца

За деца има базен, игротека, дадилка,мини клуб, макси клуб, тин клуб, забавен парк и игралиште.

Концепт за исхрана

Услугата во хотелот е All Inclusive - појадок, доцен појадок, ручек, ужина и вечера (самопослужување - избор од неколку јадења според правилата на хотелот). Во концептот се вклучени и локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Гостите можат да вечераат во a la carte ресторанот еднаш за време на престојот, со доплата и со претходна резервација.

Покрај главниот ресторан „Alhambra“, хотелот има 2 à la carte ресторани (италијанска и тунижанска кујна) и неколку барови (Lobby bar, Maurish cafe, Rimel bar кај базенот, Sport S pub, Arab bar, Snack Bar), ресторан Le Rebeb, интернационална и национална кујна;
Restaurant Club House и Hard Rock Cafe се на 16 минути пешачење од хотелот.

Се плаќа: увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци, à la carte ресторани, снек бар на плажа и друго вон концептот.

Хотелот има право да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (времето, содржината...).

Важни информации

Хотелите имаат право да менуваат одредени услуги, начини на плаќање, како и периодот на користење на содржината, промени на концептот all inclusive и слично, во согласност со нивната деловна политика, временските услови и други релевантни фактори, и тур-операторот не може да биде одговорен за истите промени.

Локација

Iberostar Diar El Andalous се наоѓа на една од плажите во Port el Kantaoui, позната туристичка област во регионот Сус во Тунис, на 1,5 km од центарот на градот. Се наоѓа на околу 11km од центарот на градот Сус, на околу 120 km од аеродромот во Тунис и околу 25 km од аеродромот во Монастир. 
 Близината до другите населени места ќе им овозможи на туристите лесно да патуваат низ околината и да се потопат во локалната култура.

Карактеристики за соба

Сите соби се климатизирани. Имаат балкон, бања, тоалет, клима, фен, Wi-Fi, телефон,  СатТВ, мини бар (се надополнува со вода, еднаш по пристигнување), апарат за кафе/чај и сеф.
Со доплата: room service, телефон и други работи вон концептот.

Спорт и рекреација

Надворешен базен, внатрешен базен (загреан во зима), детски базен, базен за релаксација, дневна и вечерна забава како и музика во живо во одредени денови, часови по танц, тенис, пинг-понг, пикадо, фитнес, одбојка, стрелаштво, соба за игри, бочање , театар, мини голф.
Се плаќа: спортови на вода, парасеилинг/параглајдинг, изнајмување велосипеди, часови по аеробик и аквафит и други работи вон концептот.

Spa & wellness
Се плаќа: сауна, турска бања, соба за релаксација, масажи, третмани за нега на лице и тело, маникир, педикир.



ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар