Е-маил

[email protected]

Телефон

076 79 11 57

Кајак.мк е платформа која се занимава со промоција на туризмот во Македонија. Нашата цел е да им докажеме на сите луѓе во државата дека може да заработуваат дополнителни средства преку своето хоби, пасија и секако професија.

Она на кое ние настојуваме е да овозможиме поголема комуникација помеѓу луѓето, односно да ги запознаеме домашните туристи со она кое го имаме во нашата земја.

Кајак.мк има автентични и уникатни приказни поврзани за индивидуалците кои се одлучиле да развиваат мал бизнис од своето интересно хоби. Дали се тоа изработки на уникатни предмети или пак, подготвување домашни специјалитети, раскажување уникатни приказни и организирање автентични искуства ширум Македонија.

Започнавме да функционираме како платформа на која може да се најдат предлози за патувања и предлог дестинации за сечиј вкус. Македонија ја познаваме малку, а уникатните луѓе скоро како да не ги познаваме. Затоа одлучивме преку Кајак.мк да им дадеме простор за промоција на сите индивидуалци кои тимот на Кајак.мк ги нарекува „локални херои кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот“.

Денеска Кајак.мк е повеќе од платформа. Кајак.мк е движење со кое се идентификуваат дигиталните номади, авантуристите, гурманите и луѓето кои се во постојана потрага по нешто ново и уникатно.

За нас најважно од се е да успееме да ги споделиме приказните на сите локални жители. Знаеме дека ги има многу и дека имаме доста работа. Се трудиме да ги претставиме луѓето во најдобро светло и да докажеме дека во Македонија има луѓе кои прават се нашата земја да биде подобро и посреќно место за живеење.

Нашата визија е да им докажеме на луѓето кои живеат во отцепените предели од државата, дека може да заработат дополнителни средства за живеење преку светот на Кајак. Од изнајмување на уникатни сместувања, доживување на поразлични искуства кои се нудат од локалните мештани, се до вкусување на храна подготвена на мајсторски начин. Воедно, преку нашата платформа пропагираме поголема еколошка свест, чување и негување на животната средина.