12.02.2021

Успеавме и го скршивме мразот: Имавме одличен активен викед!

Успеавме и го скршивме мразот: Имавме одличен активен викед!

Снегот не ги плаши велосипедистите во Македонија да ја реализираат својата замислена агенда. Јорданчо Цветановски и Коста Шимбов реализираа уште една дводневна велосипедско- планинарска тура од Скопје преку Попова Шапка па се до Титов врв.

Дека Македонија е прекрасна туристичка дестинација, говорат фотографиите кои се направени на турата.

Нивната тура како и обично започнува од Скоје, од каде со велосипедите тргнуваат кон скијачкиот центар Попова Шапка. На Попова Шапка ноќеваат во ресторанот Конак, а веќе наредниот ден тргнуваат во одлична авантура.


Неделата наутрото по зимската патека тргнуваат кон Титов врв, а на турата им се приклучува и Благоја, кој е исто така голем љубител на планинарењето. Поради пријатното време, сметале дека немаат потреба за дерези, вели Јорданчо и очекувале добри услови за планинарење.


Но игнорирајќи го она што веќе на сите нам во Македонија ни е сосема јасно, дека планината го менува своето „расположение“ на секои половина час, започнал ветерот да им се придружува.


„Забавата“ на почетокот била со 40 километри на час, па 50 и пред самиот врв да достигне ветер и до 70 километри на час.

Со самото искачување на врвот, успеале да влезат во кулата на Титов Врв, каде прават 40 минути пауза за кафе и оброк, а во меѓувреме Благоја со специјален апарат за мерење на брзината на ветерот забележал дека надвор дува со 76 километри на час.


За враќање назад, дрезгите им биле задолжителни.


Враќањето назад било доста претпазливо. Облечени како космонаути и со внимателно газење се спуштале кон Попова Шапка. Ветерот ги придружувал се до Попова Шапка од каде се качуваат на своите велосипеди и се враќат назад кон Скопје.

Стојанче вели дека имале и многу поинтересни патешествија, но ова е негово прво искуство на Титов врв во вакви зимски услови.

За еден викенд тие со велосипедот поминале 130 километри со 1800 метри елевација.

Додека планинарењето е измерено со 22 километри и 2000 метри елевација. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?