26.10.2020

Вака изгледа кога хотелот и планината Пелистер ќе се заљубат еден во друг!

Вака изгледа кога хотелот и планината Пелистер ќе се заљубат еден во друг!

Тимот на Кајак.мк во изминатиот период прошета низ многу места на Пелистер, а верувајте дека ова е само почеток на нашиот патувачки караван. Од реакциите коишто ги добиваме, знаеме дека на многумина од вас не им се верува верува дека сето ова го имаме во Македонија.

Кога зборуваме за престојот за врмее на одморот, многу е важно да се направи разлика помеѓу класично сместување и сместување во објекти кои се “здушени“ со самата околина.  

За да се почуствува духот на дестинацијата која ја посетуваме, битно е каде ќе престојуваме, со кои луѓе ќе разговараме, што сакаме да дознаеме, што треба да научиме. Овој мал семеен хотел за кој многумина од вас сигурно сте слушнале „Шумски Фенери“ е еден од таквите кои сами раскажуваат за планината Пелистер. Зошто ви го препорачуваме хотелот? Затоа што, хотелот има се. 

Да почнеме од најосновните информации. Тој се наоѓа на 900 метри надморска височина во шума, во подножјето на Националниот парк Пелистер и е на 4 километри од градот Битола. Планинските предели кои се фантастички во текот на цела година, чистиот планински воздух и најважно од се уникатно дизајнираните соби кои даваа чуство на планинско бегство од реалноста, се она што не купи. 

Она што треба да го знаете е дека секоја соба е опремена со сателитска телевизија, фрижидер и бања со фен, централно греење и клима уред. Сите соби обезбедуваат врвен поглед на долината и градот или кон планината. 

Како што и кажавме, периодот на посета не е толку битен бидејќи овде има што да се прави 365 денови во годината. Но за тоа што да се прави, ќе ви кажеме подоцна. 

Хотелот има и рестотан, можеби и омилениот простор од објектот на повеќето гурман-туристи. 

Треба да знаете дека и покрај тоа што престојувате во хотел, во кујната работат мајстори кои знаат како се прави добар домашен појадок. Наш совет е да дегустирате планински мед и домашен мармалад. Планина е, па се подразбира дека е добар. 

Освен кујната, хотелот има уште едно добро катче во ресторанот каде се наоѓа гуши камин покрај кој има совршена атмосфера за да читате книга. Хотелот можете да го резервирате на телефонскиот број: 047 293 030

Ајде сега да излеземе од хотелот. Да видиме што може да се прави во ноември? 

Веќе некое време зборуваме за Пелистер а никако да стигнеме до Пелистерските очи. Можеби поради фактот дека баравме добри лиценцирани водичи. Па веќе ги имаме од самиот хотел. Наш предлог за викенд за сите кои сакаат активен одмор е да ги искористат планинарските патеки се со цел да го истражат најстариот национален парк во Македонија.

Како предизвик за сите кои ќе одлучите да бидете гости на хотелот „Шумски Фенери“ ви ја даваме посетата на големото глацијално езеро кое се наоѓа на 2218 метри надморска височина и за многумина од вас непознатото влашко село Маловиште. 

Турата ја организираат од самиот хотел со лиценцирани планински водичи, па затоа наш совет е секогаш да изнајмувате професионалец кој ја владее планината. Турата се организира од хотелот до Нижо Поле, од каде започнува планисното искачување до селото. Патеката е долга околу 6 километри во правец. И потребно време за искачување е до 3 часа. Патеката поминува низ прекрасни високопланински пасишта и цело време има прекрасни видици на околните планини и кон долината на село Ниже Поле.

Наредниот ден можете да го посетите село Маловиште кое е планинско село во границите на националниот парк Пелистер и се наоѓа на 1140 надморска височина. Маловишта е специфично село, со интересна, автентична архитектура. Селото има убави, големи куќи градени од камен, на традиционален начин. Белег на старата архитектура се сочуваните стари калдрмисани улички, камените мозстови и изгледот на мала градска населба. 

Во центарот на селото се издигнува црквата Св. Петка, со својот сочуван фрескоживопис, како и извонредниот дрвен иконостас изработен во длабока резба. Во околината на селото има доста патеки лесни и потешки кои можат да се поминат во неколку денови. Ние ја избравме патеката до малото црквиче св.Спас кое се наоѓа на надморска висина од 1950 метри надморска височина. 

Хотелот можете да го резервирате на телефонскиот број: 047 293 030

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Актуелни планински сместувања во Македонија – совршен избор за свеж воздух и авантура

Откријте различни типови планински сместувања – од хотели и традиционални вили до дрвени куќички и несекојдневни еко-акомудации. Совети за избор на идеално место за одмор во природа.

Го напуштиме градот и се преселивме на село: Така започна приказната за „Шумска градина“

На Кајак.мк можете да ги запознаете сите локални херои кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот во Македонија. Денеска ви ја раскажуваме приказната за „Шумска Градина“.

Преминот од есен во зима: магичен период за патување

Преминот од есен во зима нуди уникатни патувања низ Македонија. Откриј тишина, природна убавина и инспирација за твојата следна авантура.

Превозни средства за патување низ светот и Македонија

Откријте најдобрите превозни средства за патување низ Македонија и светот – од автомобили и автобуси до авиони, велосипеди и електрични тротинети. Совети за слободно, удобно и еколошко патување за секоја авантура.

Хотел или приватно сместување: како да изберете најдобро за вашето патување

Хотел или приватно сместување? Откријте како да изберете најдобро според стил, буџет и цели на вашето патување.

Тим билдинг во Маврово: Планина, чај, активности

Тим билдинг во Маврово: Планина, чај, активности. Тимот на Кајак.мк со уште еден уникатен тим билдинг во Маврово.