10.08.2020
Во Македонија постои место каде може да побегнете од секојдневието
Во Македонија постои место каде може да побегнете од секојдневието
За сите љубители на планината и планинските спортови, Кајак.мк им ја препорачува „ Mountain Hut Carevec / Царевец Планинарски Дом
Овој #cool објект се наоѓа во националниот парк Маврово, а како што велат сопствениците, лесно се наоѓа! А како? Секако со Google Maps. Објектот располага со 15 легла, од кои 12 во „дормитори“, три во приватно студио, а може да се постават бесконечен број на шатори.

Кајак.мк со задоволство ви го препорачува местото, од причини што самите сопственици коишто работат со него, се пример за тоа како треба да функционира менаџментот на секој сместувачки капацитет во државата. Друштвени, комуникативни, млади и образовани. Владимир и Соња велат дека ова професија треба пред се да ја сакаш и да живееш со неа, а таа сама по себе ќе се развива во позитивна приказна.

Тие велат дека цел на постоењето на ваков #дом е да ги запознаат гостите кои се претежно странски туристи, со нашата културата, традицијата и историјата. Советите за тоа како да се помине квалитетно време во националниот парк Маврово ќе ги добиете од нив, бидејќи како што велат и самите на Маврово има постојано што да се прави.

Владимир вели дека тие го живеат Маврово 365 дена во годината, според него само така ќе може да понудат квалитетна услуга на гостите. Во зависност од сезоната може да се ужива во скијање, планинарење, планински велосипедизам, кајакарење, јавење коњи и друго.
Предноста при посетата на „Царевец планинарскиот дом, е тоа што, домаќините ја подготвуваат традиционалната храната од локални свежи производи.

И двајцата се обучени планински водичи, а Владимир е исто така лиценциран ски инструктор според интернационални ИСИА стандарди.
Тие велат дека нивното постоење во НП МАВРОВО е атракција сама по себе, доволно за да се одлучи еден турист своето време за одмор да го помине заедно со нив и со тоа што имаат тие да го понудат.


Дали знаете дека: Од 17.08 до 23.08 ние организираме тура во Кумбургаз, Истанбул во хотел на сама плажа со појадок, 5 ноќевања и бесплатни лежалки на Мраморното море! Во цената е вклучен автобускиот превоз и водич! Она што е интересно е тоа дека можете да шетате низ Истанбул! Она што е најважно да знаете е дека се патува без PCR тест, слободно и безбедно. Повеќе информации на 076 791 157! За само 169 евра!
|
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
