03.03.2021

Животот ме научи да се пронајдам како туристички водич во Охрид

Животот ме научи да се пронајдам како туристички водич во Охрид

Пролета не е пролет ако не го посетите Охрид. Март е месецот кога се најавува новата сезона и кога сонцето се повеќе привлекува туристи во градот. Ние денеска разговаравме со Ива Николоска која работи во Општина Охрид во делот за поддршка на градоначалникот, а која е лиценциран туристички водич за Охрид и регионот.


Ива живее и создава во Охрид. Таа е страсен љубител на нејзиниот роден крај кој секојдневно го козумира како добро „Мешеишко вино“ (вино од регионот). Она што ја натерало да стане водич е потребата да ги пренесува нејзините доживувања на гостите кои доаѓаат овде.


Вели дека кога се работи со љубов и посветеност кон работата резултатите се повеќе од очигледни. Николоска ни ја споделува првата тура која ја реализирала само неколку дена по добивањето на лиценцата за водич, а групата и била брачен пар од Италија. На она што таа ќе се сеќава се воодушевувањата што ги имале италијанците кон ренесансното сликарство на Михаил и Евтихиј Астрспа од раскошната Св. Богородица.


Ја запрашавме како се одвивале останатите групи. Добивме одговор дека најголем предизвик и била мешаната тура од теолози од Англија, Полска, Бугарија, Турција и Чешка кои тури имале акцент на шаренилото на религиозните објекти и високото ниво на духовна енергија која луѓето отворено и ја признавале дека ја чувствуваат.

Македонија ја доживуваат како ковчег со златен накит најден на дното од некое море, вели Ива. Скриена убавина е таа пради која повеќе доаѓаат, а тоа ги примамува да се вратат и по втор пат.


За Николоска најважно до се е туристите во Охрид да добиваат комплетно сетило за градот и вистинско гастрономско доживување. Разликата на турите со туристички водич е огромна, тоа дава сосема нова димензија. Сликовито прикажување на историските факти, љубовни трагедии, среќни завршетоци и сето тоа надополнето со многу храна. За неа многу важно е да се акцентираат и изработката на филигранскиот накит, охридскиот бисер, производството на хартија и печатењето со Гутенберговата преса на стари црковни ракописи и икони, изработка на накит со македонски рубин и така натаму.


Таа е среќна што се пронашла во ова професија и најсреќна е после секоја успешно завршена тура. Таа ги охрабрува домашните туристи да ги ангажираат туристичките водичи бидејќи ќе бидат пријатно изненадени и многу побогати.  

За крај на разговорот Ива ни го поставува прашањето: Дали сте слушнале за Момата во близина на Прилеп?

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

На Беровско езеро има вила со билјард и капацитет за цело ваше друштво

Доколку посакувате вистинска авантура и дружење со вашите најблиски пријатели, семејство или колеги од работа, тимот на Кајак.мк ве информира дека од денеска можете да нурнете длабоко во срцето на Малешевијата и да престојувате во вила која има капацитет за 14 лица.

Откријте го вашето совршено бегство во вилата на Преспанското Езеро

Поставена во идиличната природа на Сливница, новата вила која од денеска е дел од светот на Кајак.мк ви нуди единствен мир и тишина далеку од секојдневната врева.

Отсега можете да престојувате во ловечка куќа во Берово

Покрај комфорното сместување, околината на Ловечката Куќа "Фути" нуди бројни активности. Шумата покрај која се протега патека за трчање или пешачење, како и близината на реката Брегалница, се вистинска покана за секој авантурист.

Прекрасни бунгалови опколени со многу зеленило на Охридско езеро

Комплексот се состои од четири модерно опремени објекти кои вклучуваат четири студиа и еден фамилијарен апартман со две спални соби.

Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен

Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.

Засадивме нови дрвца преку еко тим билдинг, а дадовме поддршка и на локалните занаетчии

Она што нам ни преставува од особена важност е фактот дека покрај акциите за пошумување кои ги организираме низ одредени општини во Македонија, истиот ден го искористуваме за промоција и поддршка на локалните занаетчии кои творат на тоа поднебје.