23.03.2025
Во Македонија се отвори првата јапонска градина во која можете да престојувате
Во Македонија се отвори првата јапонска градина во која можете да престојувате
Тимот на Кајак.мк е во постојана потрага по нови уникатни места во Македонија. Ако има платформа која е прва со сите нови доживувања во Македонија, тогаш тоа сме ние. Ние ги сакаме локалните мештани, нивните приказни, сакаме да ги поддржуваме и да ги промовираме, а најмногу сакаме преку ваквите уникатни можности кои ги имате на Кајак.мк да го поттикнеме развојот на локалната економија.
Денеска, ве водиме во село Довезенце, каде на прекрасна локација со површина од над 5000 метри квадратни има ново уреден простор кој за разлика од досегашните наши дестинации е поразличен по своето уредување.
| Сместувањето можете да го резервирате со еден клик ОВДЕ. |

Станува збор за првата и во моментот единствена јапонска зен градина која својот назив „Нинџа Село“ го добива поради уникатното
јапонско уредување на целокупниот простор, од самата градина па се до
сместувачките куќички кои можете да ги резервирате со еден клик ОВДЕ.
Домаќинот Игор, кој ни ги отвори вратите за светот на Кајак.мк вели дека градината започнала да се развива пред четири години, а својот сјај постојано го надоградува благодарение на разноликоста на дрвцата кои се засадени и сите елементи од камчиња до скулптури кои го градат духот на јапонската култура.

Игор вели дека цел на овој проект е да се промовира јапонската култура и традиција во Македонија, нудејќи простор за релаксација, медитација и изучување на боречки вештини. Гостите овде може да уживаат во мирот и спокојот, може да практикуваат јапонска јога или ќе може да ја изучуваат јапонската култура и традиција преку презентации, која е пресадена во подножјето на планината Липац, со личен труд на учителот Игор Довезенски и неговите ученици.

Просторот има четири опремени куќички кои се идеални за парови. Ова уникатно сместување се препорачува за лица над 18 години, бидејќи во јапонската градина секоја тревка и секое камче се поставени на специфично место и во согласност со јапонските гледања на Универзумот, а љубопитноста на децата може да го наруши тој распоред преку поместување на предметите. Во самото дворче има езерце со кои-јапонски крапови, разни дрвца, простор за медитација и уживање и места со длабока сенка за летни уживања.
Повеќе информации
и опција за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Кајак.мк ве води во село Слепче
Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.
Кајак.мк ве води во село Пклиште
Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.
Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје
Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.
Галичката свадба повторно го оживеа Галичник
Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.
Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците
Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.