03.11.2024
Во Демир Капија постои домаќинство каде може да резервирате приватно гастро уживање
Во Демир Капија постои домаќинство каде може да резервирате приватно гастро уживање
Тимот на Кајак.мк ви го претставува новото гастро ќоше кое можете да го резервирате за интимен ручек или вечера и да престојувате во него заедно со вашите блиски роднини или пријатели.
Денеска ве водиме во Демир Капија или како што често милуваме да речеме, една од нашите омилени викенд дестинации во Македонија. А зошто омилени? Затоа што Демир Капија има прекрасен рејлеф за прошетки, локални природни знаменитости, уникатни винарии, клисура, атв тури (наскоро), рафтинг тури и многу гостопримливи домаќини. Сето ова би било залудно наброено, ако нема гостопримлив народ, кој дефинитвно во Демир Капија го има.
| Доколку сакате да резервирате престој кликнете ОВДЕ. |

Во Демир Капија се наоѓа домаќинството Белови, кое домаќинство е идеална гастро викенд дестинација за оние кои сакаат да уживаат на сончево и топло време под отворено небо и во тревна градина. Засега домаќинството нуди опција за ручек на отворено, а во 2025-та година веќе ќе има и опција за уживање во затворен простор.

Но, Демир Капија има многу сончеви денови и на есен и во зима, што дефинитивно не преставува проблем да се искористи секој зрак за секој залак.

Ние разговаравме
со Мирјана и Христијан, кои како домаќини ни потврдија дека овде може да се
вкуси најдобрата демиркаписка пита, нешто што е специјалитет на самиот регион.
Покрај питата овде е тегнатата пита, пастрмалиите кои се подготвуваат во самото
домаќинство со локални намирници, разни салата, сирења и домашни локални вина.
За гостите кои
сакаат да уживаат во храната и да го искористат викендот во Демир Капија, треба
да имаат предвид дека самото домаќинство има свој сместувачки капацитет. Повеќе
информации околу сместувањето можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Скриени дестинации во Европа: Македонија станува нов туристички бисер
Сѐ повеќе туристи бараат автентични и помалку познати места во Европа. Откријте зошто Македонија има потенцијал да стане една од најинтересните туристички дестинации на Балканот.
Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен
Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.
Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија
Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија. Приказна на Кајак.мк која можете да ја читате додека сте на планина, плажа, пикник, дома или на работа.
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.
Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk
Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.