29.09.2020

Го напуштив Скопје за да отворам моја фарма во Преспа

Го напуштив Скопје за да отворам моја фарма во Преспа

Во екот на бербата на јаболко, тимот на Кајак.мк ви ја споделува приказната на Ана. Четивото го имаме објавено поодамна, но никогаш нема да биде старо и неатрактивно за читање, бидејќи со ова приказна секогаш мотивираме млади луѓе кои се желни да започнат една нова агро приказна.

Ана е жена информатичар, со завршен IT факултет, а која се решава животот да го посвети во развојот на агротуризмот и производството на нешто што и доколува на нашата земја- овошни насади.


Ана својата приказна за првпат ја раскажа на Кајак.мк, а благодарение на нејзината инспиративна приказна, нашиот тим смета дека идејата за развој на агротуризмот во државата ќе допре и до многу други млади лица кои се уште се бараат себе си и својата професија. 

Ана живееше во Скопје цели 17 години се до моментот кога се решава да се врати во Преспа и да го реализира својот сон наречен „Spirit of Prespa“. Љубовта кон Преспа и желбата да се промовира регионот, придонеле за создавањето на брендот „Spirit of Prespa“. Постои во семејството повеќе од 60 години, а тие се петта генерација сопственици.


Бавчата во која има засадено овошни насади е 5 хектари, каде гостите имаат можност да се запознаат со одгледување на јаболка, црешите и сливите и да купат производи од нивната домашна продавница, која е снабдена со продукти од неколку семејства од Преспа.

„Во 2017 сфатиле дека на фармата и е потребна диверзификација за да може да биде оддржлива. Направиле истражување и следејќи ги трендовите во Америка и Европа, се одлучија да се ориентираат кон агро-туризам.

Започнале да прават настани од типот pick-your-own-fruit во 2018. Во текот на Октомври посетителите ќе може да учествуваат на Јаболкоберот при што ќе добијат брендирани тоте торби за јаболка по свој вкус.

Во моментот како што вели Ана заинтерсираните може да ги контактираат на нивната страница „Spirit of Prespa“.

Нивата продавница е лоцирана во Царев Двор — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во околината на градот Ресен.Царев Двор на околу пет километри северно од брегот на Големото Преспанско Езеро, на раскрсницата на патот Битола-Корча и Ресен-Езерани, во јужниот дел на Ресенското Поле. Низ атарот на селото тече Болшница (Болска Река), чиј водотек во летниот период значително се намалува или целосно пресушува.

Која е вашата приказна? Споделете ја на Кајак.мк
Пишете ни на [email protected] или со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Anita Popova

    24.10.2024 12:44

    Iskreno i jas oddamna razmisluvav za nekoj vakov slicen koncept za ekoruralen turizam ideata ja pozdravuvam..i ete dokolku moze da se vmrtnam ako ne e predocna za posetitel ..na imotot..

Прочитајте повеќе

Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!

И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.

Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?

Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.

Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?

Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица