29.10.2020

Како да ги посетите САД од дома?

Како да ги посетите САД од дома?

Кајак.мк започна со кампања наречена „Патувајте од дома“. Чекајќи да се отворат границите забораваме како е да се биде турист во Европа и низ целиот свет. Нашиот тим ви организира патувања низ многу земји кои важат за #топ туристички дестинации.


Овојпат патувањата ќе бидат поразлични од досегашните и наместо да ги спакувате куферите, ние ќе се потрудиме да ги донесеме туристичките дестинации во вашиот дом. Воедно ќе ве изолираме од
 ширењето на Ковид-19, а ќе ви приредиме вистинско патувачко искуство.

Патувањата ги организираме во соработка со КликниЈади кои ќе се погрижат да ја достават храната која ние ќе ви ја препорачаме за едно одлично патување од дома.

Зошто баш „Кликни Јади“? Затоа што имаат секаков избор на храна, а храната е еден од главните симбили со кои се одликува една земја. Покрај тоа, доставата е бесконтактна и безбедна.

Денеска ќе патуваме низ САД. Но пред да започнеме со советите за како најдобро да ги запознаете Соединетите Американски Држави, отворете www.kliknijadi.mk и нарачете си американски бургери. Нарачки можете да направите и на: 02 3060 200

Ви препорачуваме храна од: Барбакан, Маџо, Рустикана, Дистрикт, Малага и Лантерн. Сите ресторани може да ги погледете доколку кликнете на нив. 

Што ви препорачуваме:
New Yorker Burger, The volcano burger, Хаваи бургер, Васаби блис бургер, Хенговер бургер, Ребро во фурна со BBQ сос, Телешки бифтек на жар, Т-боун стек, Бранч бургер, американски палачинки, ход-дог и класичните американски пици. На страниците може да се најдат уште многу предлози.

Што е она по кое се препознатливи САД?

1.ПРЕЗЕМЕТЕ КАНТРИ, ЏЕЗ, БЛУЗ МУЗИКА:

Музиката која ја слушаме секојдневно, не е онаа вистинската која треба да не води низ САД. Потрудете се да истражувате повеќе за кантри, џез и блуз музиката.

Кои се нашите предлог изведувачи:

1.       Луис Анстронг e американски трубач, композитор, вокалист и актер кој беше меѓу највлијателните фигури во џезот. Неговата кариера траеше пет децении, од 1920-тите до 1960-тите и различни епохи во историјата на џезот.

2.       Елвис Арон Пресли е познат како Крал на рокенролот, или едноставно како Кралот. Неговата кариера можеме да ја споредиме со онаа на „Битлси“ и Мајкл Џексон. По бројот на продадени плочи, постигнувањата на Елвис се феноменални и го надминуваат секој друг музичар.

3.       Арета Френклин e соул пејачка. Ќерка е на баптистички свештеник. Од раната младост во пеење ја подучувале ѕвездите на госпелот, како што се Махалија Џексон и Клара Ворд. Врв на кариерата и бил кон крајот на 60-те години на 20 век. Песните како „Respect“ и „Chain Of Fools“ брзо станаа класика. 

4.       Боб Дилан e американски кант-автор, пејач, музичар и поет кој е еден од најголемите авторитети и една од најголемите фигури во областа на популарната музика во периодот на последниве пет децении.

5.       Реј Чарлс Робинсон e познат под името Реј Чарлс, бил Американски пејач и текстописец, музичар и композитор. Тој беше пионер во душевната музика  во текот на 1950-тите со комбинирање на блуз, ритам и блуз, и госпел стиловите во музиката која ја снимал за Атлантик Рекордс.

2.ВКЛУЧЕТЕ ПОПУЛАРНИ РАДИО СТАНИЦИ КОИ СЕ СЛУШААТ ВО САД

Можеби не сакате да се фокусирате само на еден изведувач и сакате да слушате тоа што е актуелно во САД. Најдобра опција за тоа се онлајн радио станиците кои се емитуваат во САД. Ние ви ги препорачуваме: TheJazzGroove.com, HardRadio, UrbanHitz, KISSFM, WildRockRadio, Top40.


3. ГЛЕДАЈТЕ ФИЛМОВИ KОИ РАСКАЖУВААТ АМЕРИКАНСКИ ЖИВОТНИ ПРИКАЗНИ
Кога веќе ќе пристигне вашата храна од КликниЈади, започнува патувањето. Додека ја јадете, ние ви предлагаме да погледнете некој игран филм кој раскажува интересни животни приказни. Ова се нашите предлози:

1.AMERICAN HISTORY X
Филмот "Американска историја Х" е ставот на авторот за борба против одредени човечки слабости, како што се расизмот и национализмот во САД и општо низ светот.

2. Brooklyn
Филмот Бруклин на Џон Краули е трогателна приказна за Еилиса Лејс, млада ирска имигрантка која го наоѓа својот пат низ Бруклин за време на 1950-те години. Ова е добра опција за оние кои се заљубени во Њујорк. 

Доколку се одлучите за „Green Book“ ви препорачуваме да го изгледате филмот со специјалитети од американскиот бренд „KFC“ за која компанија ќе може да слушнете во самиот филм. Менито на KFC, можете да го погледнете со еден клик ОВДЕ

3. Green Book
Дејствието на „Зелена книга“ се одвива во Америка во 1962 година и ја раскажува емотивната приказна за Тони Лип (Виго Мортенсен), вратар со италијанско потекло, кој прифаќа да работи како шофер на д-р Дон Ширли (Махершала Али), високообразован афро-американски класичен пијанист. Оваа чудна двојка оди на двомесечна концертна турнеја во расно поделениот американски југ, откривајќи дека се на пат да здобијат уникатно пријателство.

4. 12 Years a Slave
Филмот се базира на вистинската приказна за слободниот Афроамериканец Соломон Нортуп кој бил дрогиран, киднапиран и продаден како роб во Америка во 1850-тите години, кадешто трпел долгогодишна тортура. Неговиот лик во филмот го отелотвори актерот Chiwetel Ejiofor.

5. The Buttler
Значајни настани во Америка, како што се движењето за граѓански права и војната во Виетнам, влијаат на животот на батлер, Сесил, кој за време на неговиот ангажман служеше осум претседатели во Белата куќа.

 4.ПОГЛЕДНЕТЕ НЕКОИ ОД НАЈДОБРИТЕ ДОКУМЕНТАРКИ

За оние кои што се интересираат за САД во детали, ви предлагаме да ги погледнете следните документарки:
1. American Factory (2019)
2. The Founder (ова е игран филм но раскажува за развојот на Мекдоналдс)

3. American Dream (2010)
4. The War Room (1993)
5. The fog of war (2003)



ПРЕТХОДНОТО ПАТУВАЊЕ НИ БЕШЕ НИЗ ИТАЛИЈА. КЛИКНЕТЕ НА НАСЛОВОТ ЗА ДА ПРОЧИТАТЕ ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:

Како да ја посетите Италија од дома?




Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Започнуваме со реализација на најдобрите тури со коњи во битолскиот крај

Тури со коњи во регионот на Битола. Ранч во село Кравари. Јавање на коњи на Пелистер. Ранчот во моментот располага со 5 питоми и обучени коњи кои може да ги јават почетници и искусни јавачи.

Промовираме туризам во Македонија преку музика во природа!

Органичените патувања од пандемијата го поттикна македонското акустичното дуо „ChillOut“ да ја промовира убавината на Македонија преку музика.

Јануарски тим билдинг со уште една снежна АТВ авантура

Среќни сме што тим-билдинг настаните не се реализираат само на пролет, лето и есен, туку веќе имаме доста тим-билдинг патувања кои ги реализираме и во најстудентие месеци како декември, јануари, а веќе имаме и патувања за февруари.

Најстарата винарија на Балканот се наоѓа во Демир Капија

Доаѓа период на виното и хармонија. Предлог на Кајак.мк за викенд патување

Во Кадино се отвори нов хотел со спа, фитнес и бар со панорамски поглед

NEST Suites во Кадино со свој спа и фитнес центар и Rooftop bar.

Јас сум Борче Стојков и произведувам вино кој може да си го дозволи секој

Денеска ве водиме во селото Стањевци, селце кое брои само 40 жители. Селото е одалечено 40 километри од Свети Николе и е на надморска висина од 500 метри.