10.09.2021

Вила во Пехчево опколена со природа: Идеална за полнење батерии

Вила во Пехчево опколена со природа: Идеална за полнење батерии

Уморно од обврските преку недела? Можеби сте немале ниту можност да појдете на подолг летен одмор поради работата? Нашиот тим сосема добро Ве разбира, па затоа и се труди да ви ги презентира сите места во Македонија каде ќе имате можност да одморите глава барем на викенд и ќе ги наполните батериите кои ви се на 10 отсто.


Среќни сме што се повеќе домаќини ги отвараат своите врати од домовите за светот на Кајак.мк и за луѓето кои знаат да го ценат домашниот туризам и да ги поддржат локалните херои кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот.

Денеска ќе ве запознаеме со Соња, чија вила River од денеска е дел од базата на Кајак.мк. Вилата се наоѓа во доста мирен предел на Пехчево, опколена е од три страни со ливаци, а погледот од балкнот на вилата е вперен кон прекрасна борова шума, каде покрај самиот двор на вилата тече Пехчевската река.


Вилата е на 10 минути пеш од центарот на Пехчево, а во околината на Пехчево има доста работи кои вреди да се посетат.

Овде се Пехчевските водопади до кои има изградено пешачки патеки со дрвени мостови. Вилата се наоѓа на патот кој води до неколку туристички атракции, како Вртена скала, Јудови ливади и Смрдлива вода. 


На јужната страна во дворот, која е лоцирана кон реката и шумата (под терасата), има скара, маса со 8 столици и лулашки. На северната страна од дворот (меѓу куќата и патот) исто така има простор за седење на која може да се смести пластична гарнитура за 4 лица. Двата двора имаат осветлување во вечерните часови, така што може да се ужива во романтична атмосфера. Во приквечерните часови од нив се гледа прекрасен залез на сонцето, а во ноќите небото со безброј ѕвезди.


Смрдлива вода (Рѓава чешма) е постојан природен извор во непосредна близина на Вртена скала, со значителна издашност. Водата од овој извор има изразена специфична миризба, жолтеникаво-црвенкаста боја, а вкусот е кисело горчлив, бидејќи поминува низ железни руди со кои изобилува Буковик. Се користи за лекување на стомачни заболувања.

Јудови Ливади се наоѓа на околу 2,5 km источно од Пехчево, во изворишниот дел на потокот Ракавец, на надморска височина од околу 1200 m. 

Во Пехчево има велосипедска патека која е долга 10 километри. Таа ги поврзува Пехчево со останатите туристички места. Патеката е маркирана, по неа се поставени табли, патокази, канти за отпадоци, изготвена е мапа, а за потребите на туристите и посетителите обучени се седум локални водичи кои им помагаат во запознавањето на градот Пехчево и локалитетите лоцирани во негова близина.

Доколу сакате повеќе информации за сместувањет, контакт и фотографии, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Кајак.мк ве води во село Слепче

Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.

Кајак.мк ве води во село Пклиште

Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.

Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје

Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.

Галичката свадба повторно го оживеа Галичник

Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.

Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците

Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.