31.07.2023

Скопјанецот Драшко Колев веќе две години се заминава со изработка на масивно квалитетно дрво

Скопјанецот Драшко Колев веќе две години се заминава со изработка на масивно квалитетно дрво

Кога приказните за локалните херои ќе ве мотивираат да отпочнете да го работите тоа што ве исполнува, барајте начин како да прочитате уште една нова приказна. Колку повеќе мотивирачки приказни ќе прочитете, толку полесно ќе сфатите дека вашето слободно време после работа, може да биде нова можност да заработите дополнително од едно обично хоби.


Во екот на летната сезона нема ништо подобро од тоа да раскажеме збор два за Драшко Колев, скопјанецот кој стои позади брендот „Kolev Rustic Wood“ а кој повеќе од 2 години сериозно се занимава со изработка на масивно квалитетно дрво.

Драшко ги раскажа своите почетоци и вели дека дрвото и дрвените предмети отсекогаш му биле идеални предмети му го разубавуваат домот и уште од млади години покажал интерес за тоа како да изработи нешто за своја душа.

Со тек на времето и со усовршувањето на резбата, делата на Колев станале привлечни и за неговите блиски пријатели кои барале од него да им изработи предмети за во домот.


Со тек на годините Колев добива мотив да отпочне да сериозно да се занимава со преработка на дрвото, а како најсила поддршка за вакиот чекор ги потенцира неговите пријатели кои го препознале квалитетот на неговата работа.

Драшко вели дека сам започнал да ја развива професијата, никој од неговото семејство немало претходно искуство поврзано со преработка на дрво. Тој се сеќава дека на самите почетоци гледал и учел нови работи од интернет, а додава и дека “крадел“ знаења од локалните столари.

Денеска, неговите најпродавани предмети се масите, клуб масичките, даските за сервирање и разни друштвени игри. Најчесто користи орев за изработка на предметите, бидејќи како што вели тој има доста интересен дизајн, но се случува да користи и даб, цреша, дрво од костен и така натаму.


За дрвото од костен вели дека е доста применувано во ова дејност поради неговата мекост при преработката. Околу времето на изработка, Драшко вели дека зависи од финалниот изглед на предметот и каква ќе биде неговата намена, а исто така зависи и од тоа дали предметот ќе добие епоксидна смола која се нанесува и во неколку фази.

Колев, кој воедно е дипломиран машински инженер, вели дека ќе продолжи да се надоградува и да учи и дека нема да застане овде.

Тимот на Кајак.мк ги поддржува ваквите локални херои кои создаваат мали нешта од огромно значење. Доколку сакате да стапите во контакт со Драшко чувствувајте се слбодни да му јавите на: +38971767557

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!