09.08.2022
Модерни апартмани во Маврови Анови достапни за резервации
Модерни апартмани во Маврови Анови достапни за резервации
Дождот и постепениот пад на температурите ни навестуваат дека летото влегува во финална фаза. Се уште е далеку да зборуваме оти е крај на летната сезона, но за оние кои не се големи љубители на летните горештини сакаме да им дадеме до знаење дека доаѓаат нивните „пет минути“.

За оние кои преку
лето не може да поднесат топли ноќи, тимот на Кајак ве потсетува дека има
изградено база со еден куп планински сместувања во кои можете да побегнете и да
се засолните се до завршувањето на топлотниот бран.
Денеска нашата база ја збогатуваме со уште едни модерно скоцкани апартмани во Маврово кои се идеални за луѓе кои сакаат нов ентериер и секако добар поглед.

Вилата се наоѓа на самиот влез на Маврови Анови, веднаш до националниот парк Маврово со прекрасен поглед кон мавровското езеро. Објектот е опремен со 2 апартмани, а максималниот капацитет по апартман е за 4 лица.

Она што е најважно е фактот дека соседството е доста мирно, а во околината има патеки за пешачење, патеки за планинарење и возење велосипед.

Доколку сакате
повеќе информации, фотографии и контакт за резервации кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.