23.01.2022

Изградивме наша ски патека во Подмочани долга 120 метри

Изградивме наша ски патека во Подмочани долга 120 метри

Авантуристичкиот дух кај локалното население кое сака да ужива во зимата не можете да го спречите, туку може само да го наградите. Денеска ве запознавме со група авантуристи од Подмочани, село на источниот брег на Преспанско езеро кои по сопствена иницијатива и од свои средства изградиле ски патека долга 120 метри, а која може да се користи бесплатно.


Тимот на Кајак.мк разговараше со претседателката на месната заедница Јагода Митревска, која вели дека ваквата идеја има цел да го поттике скијачкиот дух кај младите жители и да ги научи најмладите за основите на скијањето.

Патеката се наоѓа во населеното место каде во непосредна близина поминува регионалниот пат кој води до туристичките езерски летувалишта и граничниот премин „Маркова Нога“.


Патеката се наоѓа во близина на „Преспанскиот крст“ и Црквата „Св. Петар и Павле“ кои се уредени со паркови и вреди да се посетат. Овој предел е дел од картата за туризам на Македонија во делот за посета на цркви и манастири, а е познато по името Горица.


„Нашата цел е ова место да прерасне во мал туристички скијачки центар, затоа што сметаме дека има доволно услови за развој. На луѓето во регионот им е потребно места каде ќе може да се напијат кафе, чај и други пијалоци и да направат пикник“, вели Јагода.


Скоро секој млади кој ја користи стазата знае да управува со скии и има опрема, но главна цел на заедницата е да ги научат децата под 10 години на основните техники на скијање. Воедно, целта на заедницата е ваквата стаза која е долга 120 метри да ја зголемуваат во иднина.


Сето ова е нивна финансиска поддршка, а се надеваат дека еден ден ќе може да направат и ски школа. Тимот се состои од 7 членови кои неуморно работат во уредувањето на село Подмочани и регионот.


Користењето на патеката не се наплаќа, велат организаторите. Доволно е да има што е можно поголема посетеност и да се развива селото. Она што нив им е драго е фактот дека гостите покрај стазата ги посетуваат и црквата и крстот што е на некој начин поттик да се развива туризмот во регионот. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!