30.09.2020

Како изгледа една уредно средена вила на Маврово

Како изгледа една уредно средена вила на Маврово

Многумина од читателите/патници на Кајак.мк со кои стапивме во контакт, бараат удобни, луксузни а сепак автентични сместувачки капацитети како во Македонија, така и надвор од неа. Нашит туристички сервер во моментот се фокусира на промоцијата на приватните сместувачки капацитети кои ги изнајмуваат македонци на интернет серверите. 

Една таква уникатна дрвена “куќа“ на Маврово е и “Lodge House Mavrovo“ која Мартин ја изнајмува на AirBnb. Во описот стои дека ова куќа е идеална за одмор во текот на цела година. Таа се издава на краток или подог престој.

Премена е со Wi-Fi, кабловска, сите кујнски апарати, машина за миење садови, машина за перење и многу други работи.

Куќата има систем за греење на сите соби. Она што е можеби доста впечатливо е каминот на дрва, кој е уникатен за во текот на ладните месеци. Вилата има на располагање велосипед за време на целиот престој. Камена скара во градината, заедно со маса со 8 столчиња. Градината има совршен поглед кон езерото, како и балконите. Надворешниот изглед е дрвен. 

Куќата на AirBnb има оценка 5, а во коментарите има само пофални зборови за Мартин и неговото семејство. 

Како што ни надоаѓаат студентие денови, така и се повеќе се шират темите за зимен туризам. Затоа Маврово годинава ќе биде доста атрактивна локација. 

Маврово е познато по еден од нај убавите ски центри во Македонија ски центарот “Заре Лазаревски„ кој е сместен на падините на планината Бистра. Прекрасното Мавровоско езеро опколено со високи и убави планини нуди одлични можности за туристите кои ќе одлучат зимскиот одмор да го поминат тука. Она со што располага ски центарот како и услугите кои ќе ги добиете тука се следниве:

-Единаесет ски-лифтови и три жичари со вкупна должина од 5.700 м. и капацитет од 11.100 патници на час.

-Можност за скијање на висина од 1.255  до 1860 метри надморска височина

-Професионална подготовка на патеките со помош на 6 ратраци

-Должина на скијачките патеки под жичарниците 5.000 м. и должина на ски ливтовите од 10.000 м.

-Осветлени и озвучени патеки – ноќно скијање од 19 ч. до 24 ч.

-Кафе барови ( бачила) долж ски патеките на планината Бистра

-Ски патрола, амбулантна моторна санка и други моторни санки, машина за правење вештачки снег

-Просечна снежна покривка – 70 см.

-Ски сезоната може да започне во ноември и да заврши најдоцна до април

-Ски школа во која работат врвни ски инструктори

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: 

Најдобрите вили на Маврово достапни за резервирање: Вила Ризанди



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!

И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.

Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?

Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.