03.03.2020
Луксембург е првата европска држава со бесплатен јавен превоз
Луксембург е првата европска држава со бесплатен јавен превоз
Од вчера на 1 Март 2020 година, Луксембург стана првата земја во светот што доби бесплатен јавен превоз. Властите направија таков потег со надеж дека ќе го намалат бројот на автомобили по патиштата, во согласност со долгорочниот план за намалување на емисијата на стакленички гасови. За таа цел, автобускиот систем низ целата земја ќе биде електрично управуван до крајот на годината.
Двесте илјади жители има градот Луксембург. И уште толку луѓе доаѓаат на работа секој ден во градот затоа што живеат надвор од земјата заради високата цена на домувањето. Поради ниската цена на горивото нешто повеќе од евро, огромното мнозинство патува со автомобил. Како резултат на тоа, има огромна гужва во секојдневниот живот на автопатите, додека емисиите драматично растат. И тоа мора да се промени, според властите во Луксембург.

“Бројот на луѓе кои користат јавен превоз сè уште не е толку голем колку што би сакале да биде, затоа дојдовме до идеја тоа да стане бесплатно. Се надеваме дека ова ќе биде една од причините што луѓето повеќе ќе го користат јавниот превоз”, тврди Лиди Полфер, градоначалникот на Луксембург.

Од 1 март бесплатната шатл-служба ќе ги опфати сите градски и приградски автобуски линии, градскиот трамвај, но и железницата на територијата на Луксембург. Ова значи дека за работниците кои пристигнуваат од другата страна на границата, билетот ќе биде многу поевтин, бидејќи тие само ќе плаќаат за дел од трасата преку Франција, Германија и Белгија.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.