02.11.2021

Живеам за да промовирам историја, култура и уметност во Охрид

Живеам за да промовирам историја, култура и уметност во Охрид

За тимот на Кајак.мк, ноември е месец кога треба да се запознаеме со нови луѓе и да ја збогатиме нашата база со нови локални херои кои прават мали нешта од огромно значење за развој на туризмот.

Денеска ќе ве запознаеме со Евгенија. Девојката која летоска организираше доста интересен настан преку кој го промовираше ликот и делото на Никола Исаија Чудов, учител, револуционер и преродбеник. Личност која направила многу за градот Охрид.  


Ние испивме едно кафе со Евгенија, а таа ни раскажа нешто повеќе за себе, за културата во градот Охрид и настанот кој се оддржа во месец август. Евгенија вели дека е тврдоглав сонувач кој знае како да го изнајде крајот, доколку силно верува во тоа што го сака. По професија е психолог и во моментов работи како менаџер на човечки ресурси, кој пат ја исполнува во нејзиното лично надоградување.


Кајак.мк: Здраво Евгенија. Кажи ни нешто за тебе? Како те познаваат луѓето?
Евгелија: Здраво Кајак.мк. Ви благодарам што стапивте во контакт со мене. Јас сум Евгенија, по потекло сум од Враништа, каде што главно израснав, а неизбежна релација од моето секојдневие беа тие 20 километри помеѓу Враништа и Охрид, кои и денеска се, кога престојувам таму. Мислам дека луѓето ме познаваат како смела и достапна личност која се труди да инспирира и помага секогаш кога има можност. Барем така мислам, ќе треба да ги прашате.


Кајак.мк: Како се пронаоѓаш во Охрид и што е тоа што те исполнува во градот?
Евгенија: Се пронаоѓам во секој камен на калдрмата, во секое ехо на Антички и Долни Сарај, секој бран што удира во карпата од Канео, ѕвоната на камбаните во недела, ветерот што струи низ куќите и водата што се слива надолу низ стариот град со секој дождот. Охрид за мене е она место во кое секогаш се враќам до уште поголема радост од предходниот пат, место од кое никогаш не ми е доста и во мене побудува мноштво измешани чувства од спокој и немир, љубов, восхит, гордост, ме исполнува секое негово минијатурно делче поради симболиката со која се носи.


Кајак.мк: Како според тебе се развиваше културата на градот во изминатите години? Дали сметаш дека им се дава повеќе вредност на битните и значајни работи во градот?
Евгенија: Секогаш може подобро. За среќа Охрид се уште e чувар на културата, еден доказ за тоа е и добро познатиот фестивал Охридско лето” кој што оваа година то славеше својот 61-ви роденден. Од друга страна пак, низ годините забележав пад и губење на духот на доста значајни нешта. Особено младите во градот беа како од градени од многу културно поврзани настани, па од тој аспект мислам дека културолошката иницијатива 5до12 заслужува едно големо браво, на чии основачи минатата тешка година им беше вистински предизвик за да ја вратат желбата за делување и креативно изразување как младите на најразличен начин. Како и да е, кредибилитетот на важните настани и одликувања на градот неможе да биде одземен, но доколку повеќе се трудиме кон истакнување на она што е наше толку повеќе ќе не има.


Кајак.мк: Дали може да ни раскажеш нешто за настанот кој го организираше ова лето? Какво значање има? Што преставува? Што одбележува и што раскажува?
Евгенија: Охрид, меѓудругото е град на многу чинари и кочеџици, со што и изворот на овој настан потекнува од засадувањето на еден од нив, оној во дворот на храмот Св. Богородица Перивлепта, уште позната и како стар Св. Климент. “Откривање на возобновената плоча во чест на дрвото кочеџик, засадено по повод 1000 години од упокојувањето на Св. Методиј и чествување на ликот и делото на Никола И. Чудов”, со самиот наслов пробав да се види дека има повеќе од едно значење, за да може да се спојат сите конци и вистината да биде исплетена во една убава приказна која ќе биде слушната, разбрана и понатаму пренесувана низ генерациите.


Овој настан е од непроценливо значење за нас како потомци но и за историјата на градот Охрид, бидејќи се осветлува животот и делото на Никола Исаија Чудов, кој како учител, револуционер и преродбеник, направил многу за неговиот Охрид и за Македонскиот народ. За жал, и покрај подробно пишуваната литература за него и неговото суштинско дејствување, Чудов не е позната фигура низ народот, па така една од целите на овој настан беше истакнување на неговата битност. Од таа причина дел од мојот говор преку кој го пренесував извираше со мноштво информации за неговото живеење и творење. Неговиот доцна пронајден дефтер со литературни творби и истакнати настани за македонската борба, меѓудругите нешта ја откри и вистината за кочеџикот, кој што го засадил заедно со припадниците на друштвото “Св. Климент” и за кое што ја напишал подолу споментата стихотворба.

Кајак.мк: Кои се битните моменти според вас кои мора да им бидат преставени на странските туристи?
Евгенија: Црквата Богородица Перивлепта е неизбежно место за посетување како и на групно организираните тури и на индивидуалци кои се желни за да се восхитуваат на убавините на Охрид, добро ни е познато дека кругот на тој храм тежи со вековна историја која што ја буди љубопитноста кај сите, а патем и ни нуди прекрасен поглед кон дел од градот и кон тврдината. Имено додека со моите родители ги правевме последните подготовки за се да биде спремно за големиот настан, бевме мета на прашални погледи од минувачите околу храмот.


Доста од нив доволно заинтересирани, други срамежливо погледнуваа без намера да пречат, па откако ќе поминев во добар период на објаснување кај ниту едни не изостави моментот на длабоко воодушевување кон она што правиме, зошто го правиме и која е вистината што ја изнесуваме на површина. Така, она што сметам дека мора да им биде претставено на странските (а богами и на нашите) туристи е голата вистина позади секое едно случување во градот.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Во Кадино се отвори нов хотел со спа, фитнес и бар со панорамски поглед

NEST Suites во Кадино со свој спа и фитнес центар и Rooftop bar.

Јас сум Борче Стојков и произведувам вино кој може да си го дозволи секој

Денеска ве водиме во селото Стањевци, селце кое брои само 40 жители. Селото е одалечено 40 километри од Свети Николе и е на надморска висина од 500 метри.

За првпат во Македонија: Се отвори Комитски Конак во село Плешенци

Комитскиот конак во село Плешенци е уникатна приказна која започна да се испишува.

Нова планинска куќа во село П’клиште

Станува збор за нов објект кој има концепт на планински дом, со опремени соби за ноќевање, заедничка кујна, дневна просторија за дружба и простран двор со изградена фурна.

Се отворија новите дрвени планински куќички во Крушево

Планинските крушевски конаци ги отворија своите врати за гостите на Кајак.мк.

Велешанецот Најдовски гради успешна пчеларска приказна

Kога пишуваме за велешанецот Благојче Најдовски, ни се испреплетуваат многу битни информации, бидејќи неговата животна кариера, љубовта кон земјоделието и животното секојдневие се толку многу испреплетени, што можеме да ви потврдиме дека тој и додека спие-работи.