15.06.2020

Во Грција денеска пристигнуваат туристи од десетина земји, Македонците ќе ја чекаат втората фаза

Во Грција денеска пристигнуваат туристи од десетина земји, Македонците ќе ја чекаат втората фаза

Од денеска започнува првата фаза од отворањето на грчкиот туризам, но само за посетители од одредени земји и само кон атинскиот и солунскиот аеродром, додека пак во втората фаза, на 1 јули ќе бидат укинати сите забрани и рестрикции и ќе бидат отворени сите аеродроми во Грција, како и дел од копнените граници со Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Атина, пишува Фокус.

Паралелно, освен делумното отворање на туризмот, денеска во Грција има и дополнително укинување на рестриктивните мерки и забраните за работа, па така одново почнуваат со работа сезонските туристички објекти, музеите, фитнес центри и спа центрите.

Освен земјите што се на листата на Европската организација за безбедно воздухопловство, од денеска, дозволени се и летови од/кон Италија, Шпанија и Холандија, а забраната продолжува да важи за Северна Македонија, Албанија, Турција и Велика Британија.

За периодот меѓу двете фази, односно до 1 јули, за туристите кои ќе пристигнат во Грција од аеродромите што не се на листата на Европската организација за безбедно воздухопловство, предвидени се тестирања по случаен избор, додека пак за патници од Италија, Холандија и Шпанија, тестот е задолжителен.

Работата на атинскиот аеродром, воопшто не беше прекината поради Ковид-19, но сите патници беа тестирани и префрлани во државен карантин.

А аеродромот во Солун, денеска повторно е отворен по тримесечна пауза.

Во текот на денешниот ден, планирано е во Атина да пристигнат патници од Кипар, Холандија, Франција, Катар, Италија, Австрија, Швајцарија, Германија, Унгарија, Србија, Бугарија, додека пак во Солун од Германија и Кипар.

На аеродромите и во авионите задолжена е употребата на маска, како за туристите, така и за персоналот.

Од 1 јули, ќе бидат отворени аеродромите во цела Грција, ќе се отворат седум гранични премини, а од бродовите што доаѓаат на крстарење, дозволен ќе биде влез на туристи од шест грчки пристаништа.

Тогаш сите туристи, ќе треба да имаат пополнет формулар (Passenger Load factor) со податоци за нивните контакти во Грција, ќе се спроведуваат тестови по случаен избор, а евентуалните позитивни случаи ќе бидат 14 дена во карантин и сместени во хотел-карантин.

Македонските туристи од 1 јули ќе можат да патуваат во Грција, но само преку преминот „Богородица“

Во следните две седмици, заклучно со 30 јуни, ќе бидат дозволени летови и од Северна Македонија и Албанија, но само за конкретни цели, а не и за туристи и само кон атинскиот аеродром.

На аеродромот во Солун не се дозволени летови ниту од нашата земја, ниту од Албанија.

Доколку се биде во ред, копнените граници со Северна Македонија и Албанија, Грција ќе ги отвори на 1 јули, а не денеска, како што првично беше најавено, додека пак ќе функционираат само неколку гранични премини, од кои само Евзони (Богородица) кон нашата земја.

Во периодот до 30 јуни 2020 година, по копнен пат дозволени се само апсолутно неопходните службени патувања, а отворена е границата со Бугарија.

Извор: fokus.mk

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!

И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.

Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?

Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.

Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?

Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица