12.07.2020
Весна: Охрид потсеќа на периодот пред 15 години кога зависеше од домашните туристи
Весна: Охрид потсеќа на периодот пред 15 години кога зависеше од домашните туристи
Денеска разговараме со Весна. Туристички водич од Охрид, личност која можете да ја запознаете на Инстаграм профилот @whisper.ves или блогот на кој пишув и за не толку познати места во Македонија whisper-365.com
Кајак: Мило ни е што конечно разговараме со туристички водич во Охрид. Знаеме дека на туризмот во моментот му пркоси коронавирусот. Каква е сликата во Охрид во моментот?
- Во Охрид ги нема странските туристи, но затоа градот е полн со домашни туристи, посебно за викендите. Моменталната ситуација во Охрид потсеќа на периодот пред околу 15 години кога туризмот зависеше од домашни и балкански туристи и сезона беше од Јули до Август.

2.Како е да се биде туристички водич во време на пандемија кога сите граници се затворени?
- Лошо, како и во секој друг сегмент на туризмот, со таа разлика што професијата туристички водич не постои како професија официјално и не може да се користат никакви погодности. Моментално за туристичките водичи нема работа.
3. Кои луѓе го посетуваат Охрид во моментот? - Домашните туристи кои најчесто доаѓаат за плажарски туризам. Повеќето се сместуваат во апартманско или сопствено сместување. Поголем дел од хотелите се прилично празни.

4. Што најчесто сакаат и бараат странските туристи во Охрид?
- Странските туристи се едноставно воодушеви од Охрид, а и од многу други места во нашата земја. Она што најмногу им се допаѓа, со сигурност можам да кажам затоа што беше дел од моето истражување за магистерски труд, е природата, луѓето и храната. Во Охрид конкретно покрај прекрасното Охридско Езеро тоа би биле богатото културното наследство и луѓето. Покрај стариот град, најубави впечатоци им остануваат од посета на Св.Наум, исто така националниот парк Галичица. Имаме одлична комбинација на езеро, планина, историја, култура и религија.
5. Што понатаму ако не се рестартира меѓународниот туризам до крај на годината?
- Јас лично не сум загрижена за себе колку за целокупната криза која би настапила, посебно во Охрид кој живее пред сѐ од туризам. Да се надеваме дека домашниот туризам ќе придонесе за градот во целост. Фала богу јас и сопругот (кој е исто така туристички водич) сме од тие среќните што имаат примања и од друга страна, односно професии. Но, тоа не е случај со многу од нашите колеги.

6. Што им препорачувате на домашните туристи?
- Да откриваат што повеќе од Македонија. Имаме толку места кои не ги ни знаеме, а вреди да се посетат. Сите сакаме што повеќе да видиме од светот и го запоставуваме она што ни е тука, на можеби 1-2 часа возење. Може да го посетат и мојот Инстаграм профил @whisper.ves или блогот на кој пишувам и за не толку познати места во Македонија whisper-365.com Сега е вистинскиот момент да научиме што повеќе за сопствената земја и верувам после тоа уште повеќе ќе ја сакаме.
7. Што и каде треба да се јаде во Охрид?
- Јас секогаш ја препорачувам националната кујна, има добар дел од рестораните кои нудат некои од за нас добро познатите специјалитети. Сепак во Охрид мора да се проба езерска риба и ѓомлезе.

8. Дива или јавна плажа во Охрид?
- Јас сум секогаш за дива. Имаме сѐ уште и такви плажи иако се најчесто потешко пристапни. Јас имам среќа што периодов живеам во близина токму на таква плажа и ова лето максимално ја користиме. Мирот и убавата природа на дивите плажи е нешто непроценливо што секој треба да го искуси.

Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk
Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.
Македонија на две тркала: Најубавите моторџиски патишта и авантури низ скриените предели
Моторџиски патишта во Македонија: Најубави рути за возење со мотор Откријте ги најдобрите моторџиски рути во Македонија – планински превои, езера, села, природа и авантури за љубителите на мото туризмот.
Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани
Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.
Кајак.мк ве води во село Слепче
Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.
Кајак.мк ве води во село Пклиште
Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.