04.09.2020
Најмалата библиотека во светот е во Македонија и е вистинска предлог дестинација
Најмалата библиотека во светот е во Македонија и е вистинска предлог дестинација
На девет километри од Демир Хисар ,на два километри лево од магистралниот пат Сапотница- Демир Хисар ,во пазувите на Плакенска планина се протега туристичко- рекреативниот центар Бабино, кој покрај со својот природен зелен рај ова село надалеку е веќе познато и по најмалата библиотека не само во Македонија, туку и во светот, позната како „Алби“.

Нејзиниот сопственик Стево Степаноски вели дека во неговата библиотека првите книги биле донесени во далечната 1882 година и тоа од Багдад, Техеран, Дамаск, Истанбул, Анкара, а се печатени на персиски, старотурски, арапски јазик.

„Мојот прадедо Јован кој бил со нагласени културни потреби и секогаш бил понапред пред своето време знаејќи ја бесценетата вредност на пишаниот збор честопати откупувал книги од оние војници кои во недостаток на пари од државната каси биле исплаќани со книги наместо со пари‘‘, вели Степановски.
Автор: Антоанела Димитриевска

Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
- Бојано Лозје — некропола од раноантичкото време;
- Вртешка — населба и топилница од доцноантичкото време; се наоѓа западно од селото, на широко плато меѓу месностите Лозје, Нива и Сун, во нива на месен жител, каде се среќаваат остатоци од топена железна руда. По површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови.
- Дуковска Крастица — топилница од доцноантичкото време;
- Црно Село — населба и некропола од средниот век.
- Цркви
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква.
- Пештери
- Змејова Дупка — на влезот од пештерата има два сталактити со човечки раст за кои се верува дека се змејот и неговата убава жена скаменети.
- Реки
- Бабинска Река
ПАТУВАЈТЕ ОД 13-ТИ СЕПТЕМВРИ НА МОРЕ БЕЗ ПЦР ТЕСТ ЗА 139 ЕВРА!
|
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
