30.07.2020
Оваа фотографија не е во Швајцарија, ова е Берово
Оваа фотографија не е во Швајцарија, ова е Берово
Во Македонија може да направите навистина убави фотографии доколку ја сакате природата и знаете како да уживате. Доказ дека нештата кај нас не се претставени на вистински начин е младиот проект my_caping_adventures, кој во изминатиот период со преку својот комби-караван успеа да ја добрата страна на кампувањето. Тие беа во посета на беровскиот регион каде што се направени одлични фотографии. Денеска разговатавме со нив.

КАЈАК: Здраво дечки. За многу краток период направивте #бум во нашата држава со нешто што е навистина ново и специфично, а реално на странските пазари кошта многу.Од каде идејата за ваков проект?
Ви благодариме на убавото интро. Уште од пред неколку години почнавме со планинарење и кампување, претежно со шатор, но тоа не беше доволно па така се разви и нашата желба и идеја да направиме нешто со коешто можеме повеќе денови да поминеме во природа и притоа да се чувствуваме удобно, одморено и релаксирано. Како викаат, 'кампингот не е потрошено време, туку инвестирано'.

KAJAK: Како започна сето ова? Која беше главната причина да се решите за нешто кое не е баш секојдневно кај нас?
Главната причина да се одлучиме на ваков чекор е тоа што нема поубаво нешто да поминеш квалитетно време во природа, да посетиш различни места и да се оддалечиш од секојдневието, а со помош на нашето комбе тоа може да си го дозволиме и на повеќе денови. Една од поголемите предности е и тоа што си 'слободен' и не зависиш од тоа дали ќе најдеш смештај на некое прекрасно место. Едноставно ќе отпатуваш таму, се паркираш и го имаш погледот од милион долари бесплатно. А плус кафе и убав поглед одат заедно.

KAJAK:Знаеме дека вашиот #караван е доста тазе, но сакаме да слушнеме од вас што сте посетиле до сега?
Бидејќи пред некое време завршивме со комбето, до сега со него бевме во Берово, место на кое има многу што да се види.
Прекрасната природа, езерото и чистиот воздух си го прават своето. Можете да видете на неколку од сликите дека и нашата Македонија има преубави места кои вредат да се посетат. За повеќе слики од местата кои што сме ги посетиле и ќе ги посетиме можете да ги видете на нашиот инстаграм профил @my_caping_adventures

Така да се надевам со ова ќе ја подигнеме свеста кај младите дека освен 'дремење' на интернет и по цел ден пиење кафе по кафулиња, постојат навистина многу поубави работи кои треба да се видат, а за кои е штета ако не се доживеат. Излезете од вашата комфорна зона.
ПС: Не фрлајте ѓубре насекаде!!!
А дали знаете дека оваа плажа е во Македонија? Кликнете ОВДЕ за да прочитате повеќе за неа.

Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!