06.11.2020

Посетете го легендарниот авто музеј во кој може да престојувате

Посетете го легендарниот авто музеј во кој може да престојувате

Се уште размислувате каде да го поминете викендот? Не сакате шума, а не сакате ни езеро? Препорака за денеска од тимот на Кајак.мк е античкиот музеј „Филип“ кој содржи голема колекција на антички автомобили, вклучително: Simca Ariane from 1953, Opel Olympia, Ford Taunus, Pezo404, Plymouth Valiant, Moskvich, Opel Olympia, Volkswagen Buba, Citroen. 24 мотори стари шест децении во одлична состојба како што се BMW, DKW, NSU, MAKS итн.

Во овој музеј освен автомобилите се наоѓа и антикварцница и преурдени соби во стилот на старите турски, еврејски, македонски одаи. Во склоп на музејот се наоѓаат и соби во кои може да престојувате, а кои соби се уредени во стар етно македонски стил. 

Музејот „Филип“ се наоѓа во село Крклино кое е одалечено на само 5 км од Битола. Патоказите до самото место се доста уникатни.

Збирката на реткости „ФИЛИП“ која слободно може да се нарече Авто и Етно музеј. Опремен со приватен надворешен базен и двор со скара, климатизираниот апартман во Авто и етно музејот Филип во Крклино е оддалечен на само 7.5 км од центарот Битола.

Етно апартманот во кој може да се смести едно семејство има и балкон, дневен престој со софа, телевизор, WC со туш, кујна со микробранова и фрижидер, беслпатен WiFi и паркинг.

Освен сместувањето, можете да дегустирате и традиционална македонска храна, домашно вино и ракија. Во околината на село Крклино, може да се организираат најразлични активности вклучувајќи и велосипедизам.

  • Повеќе информаци може да добиете на телефон: 047/286-666

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.