04.04.2020
Водич во карантин: Патуваме во Мексико!
Водич во карантин: Патуваме во Мексико!
Бидејќи патувањата во моментов ни се паузирани, а луѓето се изолирани и затворени во своите домови, тимот на првиот агрегат за патување во земјата Кајак.мк се реши да ве води низ светото на истиот начин на кој го прават нашите водичи. За денеска го имаме Мексико!
Мексико, самото име на оваа прекрасна земја предизвикува повеќе емоции, стереотипи и очекувања од која било друга земја. Некои луѓе веднаш го поврзуваат со вкусната храна, некои со музиката на маријачите, а некои со мексиканските сапунски опери и бескрајни плажи со палми.
Мексико, официјално Обединети Мексикански Држави e федеративна уставна република во Северна Америка. Државата на север се граничи со САД, на југ и на запад излегува на Тихиот Океан, на југоистокот се граничи со Гватемала, Белизе и Карипското Море, а на истокот излегува на Мексиканскиот Залив. Мексико се простира на површина од 2 милиони километри квадратни ( повеќе од 760.000 милји ) со што е петта држава по големина во Америка според вкупната површина и 14-тата најголема независна нација во светот. Со популација од 111 милиони граѓани го зазема 11-тото место според густината на населението во светот а тоа ја прави и најпопуларна Хиспанофонска држава.
Мексико се наоѓа на 23-тото место на листата на туристички
земји и на првото место од државите од Латинска Америка] . Најголем број
туристи доаѓаат од Обединетите Нации и Канада.Исто така, голем број туристи
доаѓаат и од Европа и Азија, а помал број туристи доаѓаат од
Латино-Американските држави.
Мексико Сити е најатрактивниот град за туристите поради неговата Мезо-Американска историја и туристичките атракции како што се Сончевата пирамида и Месечевата пирамида.
Гвадалахара, Халиско, е вториот најголем град по големина на популацијата во Републиката. Таа е домаќин на најпознатите мексикански традиции како што се: текилата, маријачите и коњаниците или мексиканските каубојци.
Монтереј е основан
при крајот на 16 век. Центарот на градот е најстароградскиот дел во градот и е
опкружен со модерни соседства.
Мексиканската кујна е позната по своите силни и разновидни вкусови, разнобојно декорирање, и многубројни зачини. Поголем дел од мексиканската кујна е базирана на предколумбиската традиција, заедно со традицијата на Ацтеките и Маите, и комбинирана со кулинарските трендови на шпанските колонисти.
Освојувачите ја комбинирале својата увезена храна: ориз,
говедско, свинско и пилешко месо, вино, лук и кромид со храната од
предколумбискиот период, како што се: пченка,
домат, ванила, авокадо, папаја, ананас, лути пиперки, грашок, тиква, благ
компир, кикирики и мисиркино месо.
Мексиканската храна се разликува во различни области, поради локалната клима и географките и етничките разлики помеѓу жителите коишто биле под влијание на шпанците долго време па поради тоа тие имале големо влијание и врз кујната на мексиканците. Северот на Мексико е познат по производство на говедско и козјо месо и на месо од ној. Поточно тие се познати по јадењата приготвени со месо, а особено е познат говедската шницла.
Водич во карантин: Патување во Аргентина!
Водич во карантин: Патуваме во Јамајка!
Водич во карантин: Патување во Куба!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Онлајн плаќање во Македонија: што се смени и дали има причина за загриженост?
Онлајн плаќање во Македонија – објаснуваме што се смени, дали има нови провизии и зошто новата проверка е само безбедносна мерка.
Каталонија вели „доволно“ за масовниот туризам – што се менува?
Каталонија воведува нови мерки за контрола на масовниот туризам, со фокус на одржлив развој, заштита на локалната средина и подобрување на туристичкото искуство на посетителите.
Дали зголемувањето на туристичките такси е иднината на одржливиот туризам?
Зголемувањето на туристичките такси станува глобален тренд насочен кон одржлив туризам, подобра инфраструктура и повисок квалитет на туристичкото искуство.
Што да правите овој викенд во Македонија? Адреналински активности, АТВ тури и уникатни искуства
Откријте што да правите овој викенд во Македонија – АТВ тури, параглајдинг и уникатни адреналински искуства за совршен активен одмор.
Како безбедно да патувате со домашни миленици во 2026 – Комплетен водич
Дознајте како да патувате со домашни миленици безбедно и удобно. Практични совети за подготовка, транспорт, храна и патување во сончеви дестинации. Комплетен водич за сопственици на миленици.
Македонија го зајакнува туристичкиот бран: Охрид и Охридското Езеро во фокус
Македонија го зајакнува туристичкиот потенцијал со зголемен интерес за Охрид и Охридското Езеро, една од најпознатите природни и културни дестинации во Европа, за автентично туристичко искуство.