14.03.2020
Хавиер Солана заразен од коронавирус
Хавиер Солана заразен од коронавирус
Поранешниот генерален секретар на НАТО Алијансата, 77-годишниот Хавиер Солана бил примен во болница откако бил позитивен на тестот на коронавирус.
Како што пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, неименуван извор открил дека неговата здравствена состојба се подобрува и тој е задржан во болница превентивно. Американски „ЕјБиСи“ прв пренесе дека Солана е хоспитализиран во Мадрид поради коронавирусот, пишува Точка.
Поранешниот генерален секретар на НАТО во понеделникот присуствувал на еден собир во шпанскиот главен град Мадрид заедно со актуелната шефица на шпанската дипломатија, Аранча Гонзалез Лаја.

Хавиер Солана беше генерален секретар на НАТО во периодот од 1995-та до 1999-та година, како и висок претставник на Европската унија за надворешна политика во периодот од 1999-та до 2009-та година. Тој исто така беше и шпански министер за надворешни работи во владата на Фелипе Гонзалез од 1992-ра до 1995-та година.
Извор: https://tocka.com.mk/vesti/335857/havier-solana-zarazen-od-koronavirus
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.