19.08.2021

Тајно изолиран бунгалов во кој може да престојувате

Тајно изолиран бунгалов во кој може да престојувате

Дали некогаш сте размислувале да престојувате во Елешец? Сигурно сте посакале да побегнете некаде каде ќе бидете опкружени со дрвца и зеленило и да немате никакво соседство околу вас.

Она што нам не прави среќни е фактот дека во базата на Кајак.мк од денеска зрачи уште еден бунгалов кој осамено ѕирка од охридската прашума. Ова сместување се наоѓа недалеку од Охридското езеро што преставува уште еден совршен избор за поинакво летување.


Надворешниот изглед на вилата е дизајниран од дрво и камења, а дворчето е опкружено со разни растенија.

Домаќинот Ристе кој ги отвори вратите за светот на Кајак.мк вели дека гостите се импресионирани од природата, чистиот воздух, зеленилата и интересниот изглед на градбата.


За гостите да бидат уште позадололни, домаќините им стојат на располагање да им подготват домашни охридски специјалитети, како што е уникатното ѓомлезе.


Викендицата Stone Hill се наоѓа на еден километар од селото Елшани.

Елешец е извонредна почетна точка за планински прошетки или искачување по карпи во Националниот парк Галичица. Од друга страна, разгранетата мрежа од патеки, тесни селски улици и локални неоптоварени патишта се идеални за пешачење, трчање или велосипедизам, за луѓе од сите возрасти и степени на подготвеност.


Селото е распослано на падините на Галичица, на височина од околу 900 метри. Околни села се Пештани на југ и Коњско на север. 

Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, цени и фотографии, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!