11.11.2020

Побрзајте, на Беровско езеро имаат есен!

Побрзајте, на Беровско езеро имаат есен!

Доаѓа викенд, а со самото тоа и прашањето: Каде на викенд? Еко тимот на Кајак.мк денеска виртуелно ќе ве прошета околу Беровското езеро. Фотографиите кои ви ги споделуваме но и самиот текст се цврсто поврзани со Андреј Бубевски кој замислете има само 17 години, а го промовира регионот на доста креативен начин. Нема да згрешите доколку одвоите 5 минути од денот се запознаете со неговите амбиции и стемежи. 

Андреј е млад ентузијаст кој реши да инвестира во овој регион и на свој личен начин да ги промовира убавините на истокот. Она што нам многу не радува е зборчето „Патфајндерс“. Ова е зборче кое допрва ќе се слуша на нашиот пазар туристички понуди. 


Патфајндерс е новоформирано здружение за планински спортови, туризам и млади од Берово, кое е мотивирано да овозможи нов, динамичен, креативен начин на размислување кај љубиелите на авантуристичкиот начин на живот.

Патфајндерс има три основни гранки една од нив е планинските спортови. Поглед од планинските врвови преку планински спортови како, планински велосипедизам, планинарење, кампување, офроуд авантури, дружби, кајакарење на мирни води и спортски риболов. Организирање на настани во секое годишно време.

Втората гранка е туризам со индивидуална и колективна промена на човековата свест за развој на авантуристичкиот туризам во нашиот регион сметајќи го како потенциален центар на планински спортови и настани. Промоција и организирање тури и настани со истражување на планински терени, нивно документирање со слики и GPX запис, објавувањe на тие информации за општо добро на сите љубители на планината преку форми на публикација.

Третата гранка е да ја подобрат едукацијата на децата и младите за подобар и поздрав начин на живот, зголемување на самодовербата и волјата на младите луѓе во донесувањето на општествено одговорни одлуки, поттикнување на нивната креативност и работни навики, зајакнување на интерес и склоност кон планинските спортови и откривање на нови хоризонти кон правилна и здрава насока во умствено и физичкиот начин на живот.

Доколку сте заинтересирани за нивната работа во иднина, можете да ги заследете на @pathfinders.mkd на инстаграм, а за заинтересираните за пристап во здружението на mail - [email protected] или на тел.број +38977580953.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.