24.05.2023

Вила со базен на Плачковица

Вила со базен на Плачковица

За сите дигитални номади и луѓе талкачи по уникатни отцепени сместувања од градскиот хаос, тимот на Кајак.мк денеска ги води во село Козјак кое е оддалечено 12 километри од Штип, во самото подножје на планината Плачковица.


Мисијата на Кајак.мк е до крајот на постоењето на платформата да успее да ги агрегира сите уникатни сместувања во Македонија и да докаже дека кај нас дома, можеме да уживаме на начин на кој секој странски турист ужива во земјите како Франција, Италија, Шпанија, Грција...


Од тие причини, денеска ќе ве запознаеме со домаќинот Игор, кој ги отвори вратите на Vila Bagatelle за светот на Кајак.мк и овозможи едно поинакво искуство за време на вашиот престој во сместувачки објект во Македонија. Игор вели дека вилата го добила името по локалитетот Баргада кој е на само 500 метри од сместувањето, а кој е вистинска атракција за сите посетители.


Вилата нема соседи во радиус од 200 метри, а во најблиските соседни куќи живеат луѓе кои се доста љубезни и гостопримливи. Овој факт ја прави вилата и околината мирно место за одмор и релаксација.


Во непосредна близина на сместувањето се наоѓа Козјачката река што е уште еден предлог за дневна активност во природа. Може да прошетате и низ Плачковица по маркирана патека која води до самиот врв. За сите велосипедисти, наш предлог е да ги понесат своите велосипеди, бидејќи селото Козјак има одлични терени за велосипедизам.


Вилата има доста простран двор со сопствен базен, а има и капацитет за две семејства или поголемо друштво. Не се изоставува можноста да организирате тим билдинг патување на помала компанија.

Повеќе информации, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.