06.04.2020
Социјалното дистанцирање е привилегија во некои земји како Индија
Социјалното дистанцирање е привилегија во некои земји како Индија
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека Индија има голема улога во контролата на пандемијата бидејќи е дом на една шестина од светското население, но социјалното растојание е скоро невозможно за најсиромашните пренатрупани населени места во руралните и урбаните области во земјата, пишува Нова Македонија.
Сепак, додека властите на Њу Делхи се мислеа дали да преземат построги мерки во однос на ограничувањето за движење на граѓаните, постојат стравувања дека веќе е доцна за оваа превентивна мерка и дека премногу од сиромашните и бездомниците во земјата ќе бидат изложени на отворено, пишува магазинот „Форинполиси“. Според магазинот, повикувајќи се на податоци од СЗО, од 11 март досега на ниво на цела земја, Индија има тестирано помалку од 30.000 лица, што претставува една од најниските стапки на тестирање во светот.
Раманан Лакминџарајан, водечки експерт за јавно здравје и директор на американскиот центар за динамика на болести, економија и политика, вели дека неговите проекции говорат дека Индија ќе го достигне врвот на пандемијата, најверојатно, кон крајот на април или почетокот на мај и тогаш во земјата ќе бидат потребни најмалку еден милион кревети за оние лица што ќе завршат на одделенијата за интензивна нега. Според него, во тој моментот може да се случи катастрофа во земјата имајќи предвид дека Индија сега располага единствено со 0,5 болнички кревети на 1.000 лица. Како што објаснува експертот Лакминџарајан, Италија во споредба со Индија има шест пати повеќе болнички кревети и троши само 3,7 проценти од БДП за здравството.
Извор: https://www.novamakedonija.com.mk
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!