24.11.2020

Изнајмете ја ова вила на 1000 метри надморска височина: Нуди поразличен начин на престој

Изнајмете ја ова вила на 1000 метри надморска височина: Нуди поразличен начин на престој

Ако сте прошетале секаде низ Македонија и се уште барате каде, тогаш нашиот тим ве советува да ја посетите планината Влаина. Ова планина спаѓа ви групата средновисоки планини. Таа се протега долж границата со Бугарија. Нејзините падини се стрмни, особено на западната страна над 1200 метри надморска височина.

Највисоката точка е Кадиица. Поради прекрасниот видик, ова е честа маршрута на планинарите и љубителите на природата. Можете да уживате во нејзините шуми или пак да шетата низ пасиштата, а во зависност од годишното време да собирате лековити билки и диви шумски плодови како бобинки и печурки.

На ова планина се наоѓа и една доста уникатна вила чија градба е од камен. Она што е доста спефицично за ова вила е тоа што е нова но сепак го има задржано автентичниот етно стил. Од камин на дрва, до традиционални кревети за седење. Доста важна е местоположбата на која се наоѓа вилата. Таа е лоцирана во срцето на планината на 1000 метри надморска височина или пак на 7 километри од Делчево, покрај патот кон граничниот премин со Бугарија.


До неа се пристигнува по прооден пат за автомобил во должина од 800 метри. Ова вила нуди можност за престој за вистинските љубители на природата кои преферираат пршетки низ шумските патеки. Доста уникатни се погледите кон Пирин, Рила, Малешевските планини, Осоговските планини, Голак, Плачковица па се до Јакупица.

Повеќе фотографии и телефон за резервации можете да најдете со еден клик ОВДЕ. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК

Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!

Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!

Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!

Недела на италијанската кујна во Скопје 2026: Гастрономија и традиција

Недела на италијанската кујна во Скопје 2026 носи гастрономски работилници, мастер-класови и презентации на италијанските регионални специјалитети.

Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027: Нови можности за туризмот

Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027 отвора можности за подобра поврзаност со европските градови и развој на туризмот во текот на целата година.

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.