11.05.2021
Млади локални херои кои му дават свежина на туризмот во Охрид
Млади локални херои кои му дават свежина на туризмот во Охрид
Со доаѓањето на пролетта, доаѓа и потребата да прошетаме
по крајбрежјето на Охридското езеро и да запознаеме нови млади луѓе кои прават
мали нешта од огромно значење во развојот на локалниот туризам.
Охрид е идеален за активен туризам во текот на цело лето. Од кајакарење, СУП даски, пловење со кајчиња или едрилица па се до параглајдинг над езерото.

Денеска ве запознаваме со Бобан и Крсте. Млади охриѓани кои имаат две различни приказни, но со исто значење. И едната и другата се наменети да го поттикнат развојот на туризмот.

Охриѓанецот Бобан Наумовски е познат како младиот „морнар“. Тој од неодамна организира тури со неговото автентично охридско кајче. Втората приказна е за Крсте Симоноски кој престојната сезона ја започнува со организирање на тури со СУП даски. За Бобан и Крсте, најважно од се е туристите да го доживеат езерото на начин на кој тие го доживуваат.

Бобан за Кајак.мк раскажува дека се започнало на изворите кај Св. Наум каде четири години по ред работел на тури со кајче. Тој е првиот во семејството кој се одлучил на бизнис во вода.
Го засакал кајчето од првиот ден кога неговиот дедо го одвел на риболов и пливање. Се до денес, Бобан вели дека поголемиот дел од времето го поминал во вода.

Неодамна се одлучил да купи свое кајче и да отпочне со
реализирање на тури во Охридското езеро. Турите честопати му се исполнети од млади луѓе кои уживаат во добрата музика и во прекрасниот поглед.
Бобан е лиценциран водич кој воедно организира тури во градот. Тој вели дека странските туристи се импресионирани од градот и дека најмногу ги интересира традиционалната храна како што е рибата, ѓомлезето, кебапите, ајварот, макалото со лук, грав, сарма и друго. Честопати прашувале за изработката на охридскиот бисер и начинот на неговото настанување.

Бобан ја создал својата фејсбук страница именувана како „Blue Eye Crusing“ каде споделува
информации и фотографии од неговите тури.
Вториот човек кој има подеднакво значење за нас е Крсте Симоноски. Ова ќе биде неговата прва сезона во организирање тури на СУП даски во Охрид. Неговиот клуб е именуван како Standuppaddlemk кој може да го заследите на социјалните мрежи, а со кој клуб се надева дека ќе изгради голем успех.

Според него има многу убавини кои се непознати за туристите, а кои може да се доловат исклучиво од езерската страна. Се со цел да им ја доловат вистинската страна на езерото, Крсте вели дека одлучиле да набават повеќе суп даски и да им понудат на туристите нешто што досега не беше атрактивно во Македонија.

Она кое најмногу ги интересира туристите е областа кај црквата св. Заум која е изградена некаде на почеток на XIII век, како и изворот Тушима кој доаѓа од Преспанското езеро, вели тој.

Заедно со неговиот тим организираат тури покрај прекрасните диви плажи кај населбата Надол, позната како Заливот на Прчот, големиот камен во езерото "Стог", близните камења и зливот на коските.

За Крсте, покрај Охридското езеро, идеални места за СУП
авантури се Преспанското и Дојранското езеро. Но, неминовни локации ги
истакнува и езерото Козјак, Матка и
Беровското езеро.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.
Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!
Ново бајковито место во Македонија каде можете да престојувате!
Охрид од поинаква перспектива: вино и традиционални вкусови
Откријте го Охрид од поинаква перспектива со македонски вина, локални сирења, сувомеснати производи и традиционални вкусови.
Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!
Македонија добива уште еден скриен рај! Нови уникатни дрвени куќички кај Кокино!