15.07.2020
Вера раскажува: Скопскиот аквадукт е секогаш добро место за истражување и фотографирање
Вера раскажува: Скопскиот аквадукт е секогаш добро место за истражување и фотографирање
Слободното време Вера го поминува во патување низ Македонија. Изминатите денови таа го истражуваше скопскиот аквадукт. Аквадуктот за едни е споменик кој датира од 6 век, од времето на Јустинијан Први, а за други од 15 или 16 век. Со поддршка на фламанската влада од кралството Белгија во 2009 година Универзитетот од Лувен изработил стратешки план за рехабилитација на скопскиот Аквадукт.

Аквадуктот има должина од 384 метри, 54 главни сводови издигнати на масивни столбови и 42 мали отвори кои служат за олеснување од тежината . Според некои истражувачи, Аквадуктот бил изгрaден во VI век за време на владението на Јустинијан Први, додека други сметаат дека е направен подоцна во XV век. Овој грандициозен објект бил во функција до крајот на XIX век. Во 1669 година, патeписецот д-р Браун запишал дека “аквадуктот е прекрасен стар објект, кој на ова место му носи голема почит”.

Овој споменик со извондредна убавина, денес за жал е оставен на забот на времето. До споменикот нема уредени патеки ниту патокази, меѓутоа сепак вреди да се потроши некој час од своето време и да се почуствувате како дел од минатото крај овој вреден културен споменик.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?
Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?