30.01.2021
Се иселивме од Скопје за да ја обновиме селската еколошка куќа
Се иселивме од Скопје за да ја обновиме селската еколошка куќа
Јануари ќе го заокружиме со една силна приказна за Борче и Симона кои своите студии ги завршуваат во Скопје, но желбата да се инвестира во село, кој можеби и во иднина ќе се развива во еко туристичка дестинација била многу голема.

Сигурно многумина од вас немаат слушнато за селото Стар Истевник. Ова селце се наоѓа на дваесетина километри од Делчево, во прекрасната област Пијанец која изобилува со природа. Тивко и мирно селце, кое започнало да привлекува многу млади, со доаѓањето на Борче и Симона овде.

Двајцата се млад брачен пар, кој во годините наназад се
одлучиле да инвестираат во нешто необично и несекојдневно. Тоа е стара семејна
куќа која е изградена исклучиво од природни материјали.
Селото е сместено помеѓу планините Влаина и Средна. Како и најголемиот дел од селата во државата, и Стар Истевник се соочува со наглата миграција кон градовите.

Нивната куќа е изградена со природни и
локални материјали како земја, песок, дрво, вар и слама, а истите сега ги
користат и за нејзината реставрација.
Во рестраврацијата на домот, во последните години земале учество доброволци од разни европски земји како Шпанија, Италија, Франција, Полска, Словенија и од Аргентина, чиј интерес е еко градбата и одржливиот начин на живот (sustainablelifestyle).

Приказната не би била комплетна, доколку дворот на куќата
не биде насаден со многубројни локални еколошки плодови, кои растат на ова
поднебје. Еколошката градба само се надополнува со домашното
одгледување на храна без третирање со пестициди.
Борче и Симона велат дека она што најмногу ги привлекува кон селото е огромниот избор на активности во природа. Потенцијалот што го нуди природата и слободата се шанса за нова авантура секој ден. По две години, тие велат дека се навистина горди на она што го постигнале.

Нивната цел е да ја задржат традицијата и да го раскажат
знаењето кое го има локалното население во Пијанечкиот регион. Селата овде за
нив се вистинскиот потенцијал за развивање на еко туризмот.
Чистата планинска вода за пиење и чистиот воздух се најважните
приоритети. Нивната визија е создавање на центар за одржливи практики кој ќе го
носи називот „Природна перспектива“. Работата на центарот ќе биде насочена кон
развивање на идеи и практики за одржливо живеење, практики за благосостојба на
телото, умот и духот, еколошко производство на храна и рурален туризам.

Селото Стар Истевник е ридско, на надморска височина од 750 метри. Одлично место за уживање во летните но и во зимските денови. Борче и Симона се луѓе кои очекуваат туристи од сите краишта. Се надеваат дека интересот кај туристите да го проучат начинот на изградба на оваа куќа или активно да се вклучат во едукативни работилници за еко градба, да дегустираат локална храна која изобилува со вкус и да научат повеќе за градинарење.

Иновативноста на ова место е тоа што ќе обединува разни
начини на размена како волонтирање, организирање на едукативни работилници,
туристичка понуда за искусување на селската средина преку учество во
секојдневните активности кои се спој од традицијата и современото.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Неделно откритие од Македонија: Бонче – Кралската гробница под Селечка Планина
Откриј ја Бонче – Кралската гробница кај Селечка Планина во Пелагонија. Антички локалитет од IV век п.н.е. кој ја открива моќта и историјата на стара Македонија.
The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026
The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.
5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат
Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.
Колку навистина чини еден викенд во Македонија?
Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.
Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026
Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.